ПРАВОТО НА ЖЕНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРОТЕГА ПРЕКУ ПРАВОТО НА ДЕТЕТО НА ЖИВОТ
Правото на жената да располага co своето тело, да планира семејство и сите други слични права не се загрозени co осудата за детеубиството. Но, оваа осуда го потполнува токму тоа право на жената да располага co своето тело.
На прв поглед, тоа го зема во заштита животот на детето, но истовремено ја штити и онаа определба на женското тело, од Бога дадена на жената, да раѓа.
Од друга страна, правото на жената да располага co своето тело, ако и ја прифатиме смислата во која жените го употребуваат, се исполнува co одлуката на жената дали ќе се оддаде на блуд или нема.
Елементарната слобода сфатена во граѓанска смисла е во тоа што правото на едниот не може да се протега против еднаквото или посилното право на другиот.
Правото на жената да располага co своето тело, да ja прекине понатамошната бременост или пораѓањето не може да се протега преку правото на детето на живот.
Многумина ќе речат дека е абортусот неопходен. Покрај сѐ!
Дека е неопходен при бременост предизвикана co кривично дело или при бременост при која ќе се утврди дека е плодот оштетен.
Ако е бременоста предизвикана co кривично дело, зар да се допушти ново злосторство-детеубиство!
Ова е главно прашање. Вистинскиот одговор се наоѓа во повикот на Господ Исус Христос до сите да го понесат својот крст.
He се носи каков било крст, апстрактен, туку сета неправда и болка во животот.
Трпењето на таа болка во животот, трпењето на таа болка е она што гради искуство, а искуството надеж, a надежта не посрамува.
He би требало co абортусот од лошо да се прави полошо, како што не би требало жената да се гади од зачнатото дете на таков начин.
Всушност, бидејќи тоа секогаш не е можно да се постигне во животот, поправилно би било да се допушти детето да се роди, па ако мајката не може, бидејќи е психички повредена, да води грижа за детето, да го препушти на грижа на Црквата, на државата или на поединци.
Доколку се утврди дека детето во утробата е оштетено, зар треба поради тоа и да се убие?
Зошто да не му се дозволи прво да се роди, па тогаш да се убие?
Во што е разликата: да се потсетиме на една евангелска случка, кога апостолите виделе еден сакат од раѓање, го запрашале Господа: “Рави, кој згрешил? Тој или родителите негови, та се родил слеп?”
Исус им одговорил: “Ниту тој ниту родителите негови згрешиле, туку за да се јават делата Божји на него”. (Jов. 9. 2, 3).
По некоја промисла, во која е невоможно да се влезе, за која можеме да се надеваме дека е спасителна, Бог допушта да се раѓаат деца co нарушен развој, монголоидни, на пример, и тоа е крст на родителите и тоа е повик за нив на подвиг, за кој веруваме дека е спасителен “за да се јават делата Божји”.
Се зборува дека доколку абортусот се забрани, ќе има повеќе смртни случаи, бидејќи тие ќе се извршуваат нестручно.
Тоа би било еднакво на тврдењето дека на наркоманите треба да им се даваат наркотици co чисти игли од страна на стручни лица и сето тоа на трошок на државата, бидејќи така би се совладале сидата, криминалот и смртните случаи.
И овде претпоставката е дека ќе има наркоманија, како што во нашиот случај е тврдењето дека ќе има блуд.
Велат, не треба да се раѓаат деца за војна. Но, не прават ли жените војна во својата утроба?
Кажуваат разни работи. Наоѓаат изговор на секој начин, за да докажат дека е оправдано да се убие дете.
На овие изговори е непотребно да се одговори. Во нив се гледа прагматизмот во кој се губи од вид што е добро, а што зло. Секоја желба, секое движење на срцето е опфатено co правото.
Така, тие права во основа се индивидуалистички и егоцентрични, што е спротивно на црковниот, соборниот карактер на човековата личност. Во Црквата не се зборува за правата. Таа не е збир на права.
Во неа се зборува за суштинската слобода. Таа е Царство на слободата.
Царство на оној Исус Христос, кој нѐ ослободи од ропството, гревот и од смртта, Кому сме должни да My ги дадеме деловите на телото во послушноста на правдата, не заради Негова корист, туку заради нашата слобода.
Бидејќи на оној на кого ќе му се даде човекот во послушност, нему и ќе му служи.
“Треба да ја извршиме секоја правда”, рекол Господ Исус Христос на своето крштавање од Св. Јован Претеча, како одговор за тоа кој има право од нив двајцата кого да крсти.
Наместо да се повика на правото, Господ ја истакнува правдата. Патот кон слободата не води преку правото, туку преку правдата! А критериумот на правдата е Господ Исус, бидејќи Тој ја открил и ја извршил.
Сега тој критериум е изгубен. Да бидеш слободен, значи да бидеш жив!
Од животот потекнува секоја слобода и секоја правда. Зошто правда, зошто слобода, ако водат во смрт и ако се смрт.
Значи, го нема тоа право кое би ги надвишило правдата и слободата на детето да живее co живот даден од Бога.
Затоа co голема сесрдност ги молиме најпрвин лекарите и другите да не вршат абортуси. Потоа мајките да не се одлучуваат на абортуси, ниту своеволно ниту по наговор.
Ги молиме и девојките да се држат до својата девственост и невиност, далеку од блуд. Ги молиме и момчињата да не бидат повод за искушување на девојките.
Пренесено од книгата “Светињата на животот и детеубиството”