ПОНИЖУВАЊА

• Ha прашањето на преподобен авва Доротеј: „Што да правам? Се плашам од срамот понижение”, свети Јован Пророк одговорил:

„Ако не се трпат пониженија, тоа е дело на неверување. Брате! Исус стана човек и претрпе пониженија: зарем ти си поголем од Исуса? Тоа е неверување и демонска прелест”.

• Понижувањата и другите неволји исто така го покажуваат притаениот грев во длабочината на душата. Тагата предизвикана од тоа се нарекува искушение, бидејќи ја открива скриената состојба на срцето.

Природно е во човекот, кој сѐ уште се наоѓа под власт на гревот, таа да го разоткрива гревот кој живее во длабочината на душата, a ce појавува преку огорченост на срцето, тага, помисли на негодување, самооправдување, осветољубивост и омраза.

Појавата на тие страсти во душата, особено притисокот на помислите и фантазиите, служи како сигурен показател на дејствување на паднатиот горд дух.

• He треба да тагуваш заради оние кои за тебе кажале некои неповолни зборови. Тоа е од незнаење и по дозвола на Божјата Промисла, кој очигледно смета дека на тебе ти е потребно смирение и исчистување по пат на понижување од страна на луѓето.

Биди во љубов и во мир co сите, па и co оние кои те навредиле, бидејќи без тоа нема духовно напредување. Вознесувај My славословие на Бог за сѐ што ќе се случи и препушти се на волјата Божја.

• ” – вели свети Јован Лествичник; а кој ќе отфрли оправдан или неоправдан прекор, тој го отфрлил сопственото спасение.

• Што да очекуваме ние грешните, кои заслужуваме секаква казна, кога и безгрешниот Господ пострадал? Он рекол: „каде што сум Јас, таму ќе биде и Мојот слуга. Ако сме слуги Христови, тогаш заедно co Hero треба да пострадаме, за заедно co Heго и да се прославиме. Господ е на крстот – и ние треба да се распнеме; Господ Го понижуваат и Го плукаат – и ние треба да го очекуваме истото и да се подготвуваме мирно да го поднесеме секое понижување.

свети Игнатиј Брјанчанинов

Подготви М. Даниловска

Претходна статија„Каква лоша жена (маж) ми се падна! A ми велеше дека ме сака! (Брак)
Следна статијаСАМОЉУБИЕ – Свети Игнатиј Брјанчанинов