Пред двеста-триста години разводот бил апсолутно незамислив. Такво нешто едноставно никому не му паѓало на ум.
Зошто било незамисливо? Ќе се обидам да објаснам.
Да замислиме мајка која си го чува детето. Една година сè е убаво, детето е мило. Две години – првите искушенија, три години проблемот веќе е поголем, a на девет мајката изјавува:
„Моето синче нешто повеќе не ми се допаѓа. Некако ми избега од контрола, станува дрзок, лошо учи. Колку може да се поднесува? Доста! Ми досади! Утре одам во собранието да се разведам. Таков син не ми треба!”
Сфаќаме дека такво нешто е незамисливо. He e можно да се разведеш од синот!
Тогаш зошто е можно да се разведеш од мажот? Денес нашиот морал толку е паднат, што сопружниците лесно се оставаат. Меѓутоа, тоа сè уште не е границата на падот.
Ако работите и понатаму така се одвиваат, луѓето наскоро ќе се оставаат и од своите деца. На пример, денес постои појава која се нарекува разсинување, т.е. појава при која сопружниците кои посвоиле дете, по извесно време детето го враќат назад и велат: „Доста! Ни здосади! He можеме повеќе да се мачиме co него”.
Дури постои и случај за едно дете кое било посвоено на три години, а било вратено кога имало петнаесет години. За дванаесет години родителите не успеале да го засакаат детето.
А колку напуштени деца има денес и покрај живи родители, кои воопшто не се грижат за родените деца? Ситуацијата по малку потсетува на годините по револуцијата, кога постоел огромен број на напуштени деца, кои не се појавиле толку заради граѓанската војна, колку заради случајните врски по укинувањето на црковните норми за стапување во брак.
Порано во главите на луѓето сè беше на свое место и луѓето знаеа дека разводот од мажот е полош од „разводот” co синот или co ќерката.
На пример, ако едната нога се разболе и не може да оди, ние не итаме веднаш кон хирургот:
„Докторе, отсечете ми ја ногата побргу, нагазнав на шајка”.
Напротив, co сите сили ќе се обидеме да ја лекуваме и само во случај ако ногата ја зафатила страшна болест (на пример, гангрена) се одлучуваме на операција, за болеста да не се прошири на целиот организам.
Така е и co разводот – должни сме co сите сили да се обидеме да го зачуваме семејството: дури кога оваа надеж ќе исчезне и кога, на пример, постои опасност пијаниот маж да го повреди синот или да го вовлече во својот порок – можеме да се одлучиме на развод.
Значи, брачните другари стануваат едно тело. Вистинскиот маж ја сака својата жена само заради тоа што таа е негова жена, затоа што се едно тело. Секако, ако жената има и уште некои посебни карактерни особини, тогаш тоа е прекрасно. Меѓутоа, дури и ако ги нема, добриот маж сеедно ќе си ia сака својата жена.
Ке ви свртам внимание на следново: кога велам дека сопружниците се едно тело, тоа не е само убава слика, туку сѐ што му се случува на едниот од сопружниците, навистина се одразува и на другиот.
Ако сопружниците се обидуваат co Божја помош да ги совладуваат сите искушенија што се јавуваат во семејниот живот, тогаш, по извесно време потполно реално ќе почувствуваат дека станале едно тело.
Сите ние најверојатно сме слушале приказни како што е следнава. Мајката го испраќа синот во војска. Тој, на пример, служи во морнарица, на илјадници километри од дома. На синот му се случува некоја несреќа и мајката, без разлика на огромниот простор што ja дели од синот, co срцето ja чувствува неговата несреќа.
Господ може да им подари на брачните другари таква благодат, што ќе се чувствуваат еден co друг посилно отколку што мајката го чувствува детето. Ако жената ги испрати во војска и саканиот маж и милиот син, мажот ќе го почувствува посилно.
Понекогаш од постарите сопружници, кои го поминале животот во верност, може да се слушне следново:
„Еве, и велам на сопругата за тоа и тоа, a таа ми кажува дека токму за тоа размислувала.”
Кај верните брачни другари не се појавуваат само заеднички чувства, туку и мисли и желби.
Пренесено од книгата “Света тајна брак” Поуки на Православната црква за бракот и семејството
Подготви: МИна Даниловска