Господа, целата дејност на родот човечки низ историјата сведочи и тврди едно: за човекот е невозможно да ја победи смртта.

Но, ако тоа е последниот и завршен заклучок, зошто тогаш да се живее?

Зошто да се создава историја, да се учествува во неа, да се ломи по неа?

Историјата на родот човечки, која е немилосрдна, тиранска диктатура на смртта, не е ли потсмев над човечкото битие и неговиот прогрес?

Да не се залажуваме: смртта е триумф на тиранијата и трагичноста, и оф – пир на иронијата и комичноста…

Бедно и комично е да се биде човек, кога му е судено да живее во воденицата на смртта, гледајќи како таа немилосрдно меле човек по човек, генерација по генерација, и чувствувајќи како и него самиот постепено го меле сѐ додека целосно не го сомеле…

За несреќното и исмеано битие што се нарекува човек е невозможно, апсолутно невозможно да ја победи смртта.

Тогаш што да се прави?

Има ли излез? – Да, има.

Она што е невозможно за човекот се покажало можно за само едно битие во сите светови.

За Кого?

– За Богочовекот Христос!

Богочовекот Христос ја победил смртта. Со што?

– Со Своето Воскресение.

И со таа победа го решил проклетиот проблем за смртта; го решил не теориски, не апстрактно, не агриористички, туку со настан, со искусување, со факт, со историски факт на Воскресението Свое од мртвите.

Св. Јустин Келиски

Претходна статијаОти овој твој брат беше мртов и оживе, изгубен беше и се најде“ Лука 15, 11-32. ( За блудниот син)
Следна статијаГо повикуваме Господ, Кој може да стави лек и завои на нашите рани… (Свети Григориј Палама)