Господа, целата дејност на родот човечки низ историјата сведочи и тврди едно: за човекот е невозможно да ја победи смртта.

Но, ако тоа е последниот и завршен заклучок, зошто тогаш да се живее?

Зошто да се создава историја, да се учествува во неа, да се ломи по неа?

Историјата на родот човечки, која е немилосрдна, тиранска диктатура на смртта, не е ли потсмев над човечкото битие и неговиот прогрес?

Да не се залажуваме: смртта е триумф на тиранијата и трагичноста, и оф – пир на иронијата и комичноста…

Бедно и комично е да се биде човек, кога му е судено да живее во воденицата на смртта, гледајќи како таа немилосрдно меле човек по човек, генерација по генерација, и чувствувајќи како и него самиот постепено го меле сѐ додека целосно не го сомеле…

За несреќното и исмеано битие што се нарекува човек е невозможно, апсолутно невозможно да ја победи смртта.

Тогаш што да се прави?

Има ли излез? – Да, има.

Она што е невозможно за човекот се покажало можно за само едно битие во сите светови.

За Кого?

– За Богочовекот Христос!

Богочовекот Христос ја победил смртта. Со што?

– Со Своето Воскресение.

И со таа победа го решил проклетиот проблем за смртта; го решил не теориски, не апстрактно, не агриористички, туку со настан, со искусување, со факт, со историски факт на Воскресението Свое од мртвите.

Св. Јустин Келиски