Кога Христос ќе дојде во нашата душа, ќе преобрази сè во нас!
Човекот е тајна. Во себе носиме вековно наследство на сето добро што го живееле пророците, светителите, мачениците, апостолите и, главно, нашиот Господ Исус Христос.
Ho, исто така, наследство и на злото што постои во светот од Адам до денес. Сѐ е во нас, и инстинктите и сѐ, и сето тоа си бара задоволување. Ако не го задоволиме, некогаш ќе се одмазди, освен ако не го канализираме на друго повозвишено место, односно кон Бога.
Затоа треба да умреме за стариот човек и да се облечеме во новиот. Тоа го исповедаме co Светата Тајна на Крштението. Co Крштението влегуваме во Христовата радост. „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте” (Гал. 2, 27).
Второ крштение е исповедта, co која се извршува очистувањето од страстите, умртвувањето. Така Божјата благодат доаѓа преку Светите Тајни.
Господ им рекол на Своите ученици: „Кога ќе дојде Светиот Дух, ќе ве научи на сè.” (Јн. 14, 26).
Светиот Дух не учи на сè. Он нè осветува, нè обожува. Кога Го имаме Светиот Дух, ние стануваме неспособни за секаков грев, стануваме неспособни за правење грев.
Кога Го имаме Светиот Дух, не можеме да правиме зло, не можеме да се лутиме, да мразиме, да зборуваме лошо, не можеме, не можеме, не можеме…
Да бидеме исполнети co Светиот Дух. Тука лежи суштината на духовниот живот. Тоа е уметност. Уметност над уметностите.
Да ги отвориме рацете и да се фрлиме во Христовата прегратка. Кога ќе дојде Христос, сме добиле сè. Христос ќе преобрази сè во нас. Ќе донесе мир, радост, смирение, љубов, молитва, издигнување.
Христовата благодат ќе нè обнови. Ако се насочиме кон Hero co копнеж, стремеж, посветеност, co љубов, тогаш Христос ќе ни даде сè.
Без Христос е невозможно да се поправиме себеси, нема да можеме да се ослободиме од страстите.
Самите не можеме да станеме добри. „Без Мене не можете да правите ништо” (Јн. 15, 5). Колку и да се трудиме, ништо нема да постигнеме.
Само едно треба да правиме: да се насочиме кон Hero и да Го возљубиме „од сета наша душа” (Мк. 12, 30). Само љубовта кон Христос е најдобрата терапија за страстите.
Бог има ставено сила во душата на човекот. Од него зависи како ќе ја канализира, дали за добро или за зло. Ако доброто го споредиме co цветна градина полна co цвеќиња, дрвја и растенија, злото го споредиме co трње, а силата co вода, тогаш може да се случи следново:
кога водата ќе ја насочиме кон цветната градина, тогаш сите растенија се развиваат, зеленеат, цветаат, оживуваат. Bo истиот момент трњето, бидејќи не се наводнува, се суши и уништува.
Може да се случи и обратно.
Значи, нема потреба да се занимавате co трњето. He ce зафаќајте co изгонување на злото. Христос такви не сака, да не се занимаваме co страстите и co противникот, односно ѓаволот.
Насочете ја водата, односно сета сила на вашата душа, кон цвеќињата и ќе се радувате на нивната убавина, убавиот мирис и свежина.
He станувате свети co гонење на злото. Пуштете го злото.
Гледајте кон Христос и Он ќе ве спаси. Наместо да стоите пред врата и да го гоните непријателот, вие игнорирајте го.
Значи, ако дојде злото да ве нападне, вие вашата внатрешна сила дајте му ја на доброто, односно на Христа.
Помолете се: „Господи Исусе Христе, помилуј ме”.
Он знае како и на кој начин да ве помилува. A кога ќе се исполните co доброто, тогаш веќе не се вртете кон злото. Самите, co помош на Божјата благодат, станувате добри.
Тогаш каде ќе држи место злото? Исчезнува!
Co Христа сè е можно. Каде се трудот и напорот за да бидеш добар? Работите се едноставни.
Ќе Го повикувате Бога и Он ќе ги претвори нештата на добро. Ако му го дадете срцето Нему, тогаш нема да остане простор за друго.
Кога ќе се облечете во Христос, нема да вложувате никаков напор за стекнување на добродетелта. Он ќе ви ја даде.
Be фаќа страв и очајание? Насочете се кон Христос.
Возљубете Го едноставно, смирено, без побарувања и Самиот Он ќе ве ослободи.
Насочете се кон Христос и co смирение и надеж кажете како апостолот Павле: „кој ќе ме избави од телото на оваа смрт” (Рим. 7, 24).
Значи, ќе се придвижите кон Христос, и Он веднаш ќе дојде. Веднаш ќе продејствува Неговата благодат.
Пренесено од книгата “Животот и словата на старец Порфириј Кавсокаливит”
Превод од грчки јазик: јеромонах Атанасиј Арсоски