ОДДАЛЕЧУВАЊЕТО ОД БОГА Е ПЕКОЛ

He ce сеќавам на ден во кој сум немал божествена утеха. Некогаш тоа се прекинува и тогаш се чувствувам лошо, па така можам да сфатам колку страшно живеат повеќето луѓе кои не наоѓаат утеха, затоа што се далеку од Бога.

Колку повеќе некој се оддалечува од Бога, толку потешки стануваат работите. Некој може да нема ништо, но ако го има Бога, ништо повеќе и не сака! Така е!

Но и ако има сѐ, а го нема Бога, се мачи во себе. Затоа, пријди му на Бога колку што можеш повеќе. Само во близина на Бога се наоѓа вистинската и вечна радост.

Се труеме тогаш кога живееме далеку од слаткиот Исус. Кога човек од отпадник ќе постане човек, царски син, се храни co божествената радост, co небесната сладост, и го чувствува pajското веселење, уште овде чувствува дел од рајската радост.

Од малата рајска радост секојдневно оди и се приближува до поголемата и се прашува дали постои нешто повозвишено во Рајот од тоа што го доживува овде. Во таквата состојба во која живее, не може ништо да работи.

Неговите колена се виткаат како свеќа од оваа божествена топлина и сладост, неговото срце потскокнува и посакува да ги скрши ребрата за да побегне, зашто земјата и земните работи му изгледаат залудни.

Човекот во почетокот бил во заедница co Бога. Но после, оддалечувајќи се од Божјата благодат, станал како некој што живеел во палата, a потоа засекогаш бил надвор од неа, ја гледал оддалеку и плачел.

Како што пати и страда детето оддалечено од својата мајка, така и човекот, оддалечен од Бога, пати, страда и се мачи. Човечката оддалеченост од Бога е пекол.

Ѓаволот успеал толку да ги оддалечи луѓето од Бога што дошле во состојба да им служат на кипови и своите деца на нив да им ги жртвуваат.

Страшно! Каде ли наоѓаат толку богови ѓаволите! Бог Амос!…

Доволно е само да го слушнеш неговото име. Но најмногу се мачи ѓаволот зашто е најоддалечен од Бога, од љубовта. A штом отстапи љубовта, настанува пекол.

Што е спротивно на љубовта? Злото; злото е исто што и маката.

Оној што е оддалечен од Бога е под демонско влијание, а оној што е близу до Бога прима божествена благодат. На оној што има божествена благодат, уште повеќе ќе му се придаде.

Оној што има малку благодат, а и неа ја презира, и таа што ја има ќе му се одземе. На денешните луѓе им недостасува Божја благодат зашто co гревот ја отфрлуваат и онаа што ја имаат. И кога ќе отстапи целата благодат, сите демони се нафрлаат на човекот.

Сразмерно на својата оддалеченост од Бога, луѓето уште во овој живот чувствуваат тежина, а во другиот живот таа тежина ќе биде уште поголема. Затоа уште овде се предвкусува дел од рајската радост, во онаа мера во која се живее согласно Божјата волја.

Или ќе предвкусиме дел од рајската радост овде и ќе одиме во Рајот, или ќе предвкусиме дел од пеколот и – не дај Боже! – ќе одиме во пеколот.

Рајот е исто што и добрината. Пеколот е исто што и злобата.

Кога некој прави добро, чувствува радост. Кога некој греши, тогаш пати, страда. Дали крадецот чувствува радост? He.

Оној што прави добро, тој чувствува радост. И ако некој најде нешто на патот, па рече дека тоа е негово, нема да има мир! Ниту знае чие е тоа, ниту на некого му направил неправда, ниту украл, но, сепак, не наоѓа мир.

Колку повеќе ако краде! Дури и кога некој прима, сепак не чувствува толкава радост како кога дава. Дотолку повеќе, како да чувствува радост оној што краде или прави неправда!

Затоа обрати внимание на тоа каков израз на лицето имаат и какви гримаси прават луѓето што прават неправда!

Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец

Претходна статијаАко му служиш на црниот господар, уште овде животот ќе ти го направи црн! (Старец Пајсиј)
Следна статијаДА ЉУБИШ ЗНАЧИ ДА СЛУЖИШ! Св. Максим Исповедник (Од Пр. календар за денес)