ПЛАТА ЌЕ ДОБИЕШ ОД ГОСПОДАРОТ НА КОГО МУ СЛУЖИШ
Луѓето што се далеку од Бога никогаш не наоѓаат утеха и двојно се мачат. Оној што не верува во Бога и во идниот живот, освен што не наоѓа утеха, ја осудува и својата душа во вечноста.
Плата ќе добиеш од господарот на кого му служиш.
Ако му служиш на црниот господар, уште овде животот ќе ти го направи црн. Ако му служиш на гревот, плата ќе добиеш од ѓаволот.
Ако им служиш на добродетелите, плата ќе добиеш од Христа. И колку повеќе работиш за Христа, толку повеќе ќе блескаш, ќе се радуваш. Но ние велиме:
„He сме луди, па да работиме за Христа?” Тоа е страшно!
Ние не ја признаваме Христовата жртва за човекот! Христос се распнал за да не ослободи од гревот, за да го очисти целиот човечки род. Што направил Христос за нас, a што правиме ние за Hero?
Светот греши, а сака на Бога да му биде добар. Он нас ќе ни опростува, а ние ке грешиме. Односно, ние ќе правиме што сакаме, а Он ќе ни опростува.
Он постојано ќе ни опростува, а ние Ќе ja свириме истата песна. Луѓето не веруваат и затоа брзаат кон гревот.
Од што почнува секое зло? Од безверието.
He веруваат во другиот живот и затоа за ништо не се грижат. Прават неправда, ги оставаат своите деца… Се случуваат страшни работи… сериозни гревови.
Дури ни светите отци во светите канони не предвиделе такви гревови – како што рекол Бог за Содом и Гомор:
Голем викот е против Содом и Гомора, зашто гревовите нивни се претешки.
Затоа ќе слезам да видам дали е тоа токму така, како што доаѓа викот до Мене, или не (1 Мојс. 18, 20-21).
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец