Тихување

Постојат два вида на тихување.

Првиот е – тихување со устата. И тоа не е лошо, не штити од искушенија, а и не го повредува другиот. Но, недоволно е.

Светите отци пустиножители говорат дека затвореникот кој седи во својата ќелија не видувајќи ништо и никого, сепак може да е сличен со змијата која седи во змијарникот, полна со своите отрови.

Зошто сеќавањето на навредите, душата ја полни со гнев (исто како со отров).

Вториот вид на тихување е – внатрешното тихување. За ова пак тихување Отците говорат:

постојат Старци кои говорат од утро до мрак, а при тоа непрестајно тихувајќи.

Затоа што не изговараат ниту еден збор кој би бил некорисен како за себе, така и за било кој друг.

Тоа е внатрешното тихување, кон кое би требало да тежнееме. Кога тоа ќе го достигнете и ќе престанете да го осудувате и непријателот свој, тогаш застанете.

Застанете и заблагодарете Му се на Бога кој ви покажал толку голема милост.

И нема да бидете далеку од чистите по срце. А блажени се чистите по срце, зошто тие ќе го видат Бог.

Валаамски Старeц Михаил

ИЗВОРProhor Blog
Претходна статијаДојди, Невидлив, Недопирлив, Недофатлив (молитва – свети Симеон Нов Богослов)
Следна статијаЗа (не)простувањето / (Злопамтењето е живот во ропство)  – Отец Гаврил