Јован виде сѐ што се случи за да може да им каже подоцна на оние што го прашуваа:
‘Јас видов и посведочив дека Овој Христос е Син Божји’.
Јован, значи, виде како Духот Божји слегна во вид на гулаб и остана на Hero (Јован 1, 32). И обличјето на гулаб сведочи за чистотата на Оној врз Кого се имаше спуштено, бидејќи таа птица не слетува на нечисти и злосмрдни места, а сведочи и гласот Очев од небесата.
И погледни, заедно co гулабот се зачу и глас од небесата кој говори:
‘Ова е Мојот возљу6ен Син, Кој е пo Mojaтa волја’ (Матеј 3, 17), Овој Кого сега Го покажува и Мојот Дух, слегувајќи и останувајќи на Hero како на Moj совечен Син.
И навистина, користејќи се co совечниот, единосуштен и наднебесен Дух како co прст, Отецот истовремено огласува и покажува од небесата дека е co Heгo соединет, откривајќи и објавувајќи им јасно на сите дека Оној, Којшто во тоа време се крштеваше од Јован во Јордан, е Синот Негов Возљубен.
Духот не само што се појави како прст co кој Отецот покажуваше, туку и слезе на Оној на Кого што Отецот покажуваше и Го допре, и не само тоа, туку и остана на Heгo како што вели евангелистот:
‘И сведочеше Јован велејќи:
Го видов Духот да слегува од небото како гулаб и остана на Него’ (Јован 1, 32).
И не само што остана на Hero и во Hero (сведок е оној кој вели ‘од полнотата Негова примивме сите’), туку и пред ова видливо слегување, обитаваше во Hегo невидливо.“
(Св. Григориј Палама“)