Суштината или смислата на Исусовата молитва е покајанието!
Затоа што ние се молиме:
Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!
Ова значи покајание.
Со други зборови, ако се молиш без покајание значи дека во себе го вгнездуваш виското мислење за себе, дека си на погрешниот пат.
Зошто Го молиме Господ наш Исус Христос да нѐ помилува?
Затоа што сме грешници. Според тоа, оваа молитва ја изговараме само со покајние.
Ако во тебе име високоумие, макар и малку, Бог нема да те помилува. Лукавиот го знае ова, бидејќи тој паднал заради високоумието.
Заради тоа ѓаволот преку вискокоумието и ги сее страстите во срцето на сите луѓе. Непријателот ни шепнува:
„Слава Му на Бога! Ти си монах. Не си како останатите луѓе. Грешен си, но не си како останатите луѓе“.
Тука е големата духовна штета и погибел за христијаните. Колку се поголеми даровите кои си ги примил од Бога, без разлика дали си епископ, свештеник, ѓакон, монах, лекар, професор и сл., треба са се сметаш за уште поголем должник на Бога, и погрешен од останатите луѓе.
Ако св. апостол Павле, кој бил вознесен на третото небо и ги чул тајните кои „око не ги видело, уво не ги чуло…“, се смирува, велејќи „Христос дојде во светот да ги спаси грешниците од кои првиот сум јас“, зошто тогаш ние, острастени и полни со гревови, се гордееме?
Бидејќи колку повеќе ќе се исчистиш од гревовите и ќе Му се приближиш на Бога, тогаш во Божјата Светлина појасно ќе ги видиш своите страсти и гревови. Ги согледуваш во нивната вистинска големина и количина, а таму го гледаш и своето срце.
Ако себеси се сметаш за погрешен од сите останати луѓе, дури и од демоните кои постојано те поробуваат и присилуваат на секаво зло, тогаш ќе те осени Светиот Дух.
Високоумието е многу штетно за духовниот живот! Затоа св. Јован Дамаскин во каноните на Пресвета Богородица пишува:
„Господи Исусе Христе, Сине Божји, по молитвите на Твојата Пречиста Мајка, помилуј ме грешниот, најгрешниот од сите луѓе!“
Тој ова не го напишал туку така, но благодарејќи на смиреноумието, тој себеси се сметал за најништожен и полош од секој човек.
Ако на ваков начин се смируваме, Седобриот Бог може да ни помогне да го наследиме небесното Царство. Затоа што смирениот грешник е подобар пред Бога, од гордиот праведник.
Бог ќе допушти, оној кој се украсува со секое добро дело, а му робува на високото мислење за себе, да падне во грев, за на тој начин да се смири. Затоа Господ ни ја оставил случката со цариникот и фарисејот.
Фарисејот имал добри дела, но имал високо мислење за себе, велејќи:
„Јас не сум како останатите луѓе и како овој цариник“.
Заради високоумието, тој не добил благослов од Бога.
А цариникот не се осмелувал ни погледот да го подигне, велејќи:
„Боже, биди милостив кон мене грешниот!“
И заради своето смирение примил благослов од Бога.
Така тој го напуштил храмот оправдан и исполнет со благодатта на Светиот Дух.
Старец Дионисиј Игнат