Св. Јован Лествичник:

„Ајде, затоа, сега да побрзаме, да ја испружиме покорно и без поговор својата недостојна рака кон вистинските слуги Божји, кои со своите наредби побожно нè принудија и љубезно нè присилија да пишуваме, од нивните знаења да ја позајмиме трската за пишување, да ја натопиме во темното мастило на светлото смиреноумие, па тогаш, како на некоја хартија (или подобро – како на табличка духовна) да ја спуштиме на нивното измазнето и чисто срце.

Запишувајќи ги Божествените зборови, како Божествено семе да сееме, да почнеме вака:

Бог е живот и спас на сите кои со слобода сте обдарени:

верните и неверните,

праведните и неправедните,

побожните и безбожните,

бестрасните и страсните,

монасите и световните,

паметните и глупавите,

здравите и болните, младите и старите, како што без разлика и за секого се – светлината, сонцето, воздухот.

Бог не гледа кој е кој (Рим.2,11;уп. Еф.6,9)….“

Св. Јован Лествичник:

 

Претходна статијаРадувај се, Лествицо небесна по Која Бог слезе…!
Следна статијаДенес си спомнуваме на Преподобен Данило Столпник!