„Сите ги носат своите крстови и сите страдаат.

Носењето на крстот не е типично само за христијаните.

Не!

Крст носат и нехристијаните или оние што не веруваат.

Разликата е во тоа што на првите (христијаните) крстот им служи како лек и средство за здобивање на небесното Царство, додека на другите тој им е средство за мачење и казна.

Со текот на времето кај првите носењето на крстот станува сѐ полесно и порадосно, за на крајот да се претвори во носење венец на слава;

а кај другите тоа станува сѐ потешко и помакотрпно, за на крајот сите крстови на светот да се претворат во едно големо и неподносливо бреме, кое ќе ги притиска нивните глави и под кое вечно ќе страдаат.

Но, зошто е тоа така?

Затоа што едните го носат крстот со вера и предаденост на Бога, а другите роптајќи и хулејќи на Бога.

Значи, христијаните, не само што не треба да ги избегнуваат крстовите, ниту да роптаат против нив, туку напротив, треба да Му благодарат на Исус Христос затоа што им ги пратил, и деноноќно да се заблагодаруваат затоа што им овозможил да бидат вброени меѓу Неговите крстоносци.

Бидејќи, ако Христос не пострадаше за светот, никој од нас никогаш не би влегол во небесното Царство, без разлика колку страдања и маки претрпел; затоа што тогаш би страдале како осудени и отфрлени престапници на Божјата волја, без надеж и утеха.

Вака, пак, и ако страдаме, страдаме за спасение, за искупување, со надеж и утеха дека ќе примиме награда.“

Свети Инокентиј Московски

Претходна статијаО, Владичице наша Богородице , какви добрини ми правиш!
Следна статијаТој е како дете, или царско дете! (човекот без его?)