ТИШИНАТА Е ТАИНСТВЕНА МОЛИТВА
Користејќи бучни машини, монахот ги изгонува предусловите за молитва и за монашки живот. Затоа, колку што е можно, избегнувајте ги апаратите што создаваат бучава.
Она што денес луѓето го сметаат за олеснување, во суштина не е корисно за монашката цел. Во таква состојба монахот не може да го пронајде она за што тргнал.
Тишината е голема работа.
Дури и ако некој не се моли, co самото тихување се моли. Тоа е таинствена молитва и многу помага, како што незабележителното дишење му помага на човекот.
Оној што прави духовни дела во тишина, еден ден ќе „потоне” (ќе нурне во длабочините). на молитвата, односно ќе стане едно co молитвата.
Знаеш ли што значи „ќе потоне, ќе нурне”?
Кога детето ќе се скрие во мајчината прегратка, тоа повеќе ништо не зборува затоа што тоа веќе е заедница, и детето станало едно co својата мајка. Затоа е добро манастирот да биде оддалечен од градовите, од археолошките наоѓалишта, од светскиот метеж и од многу луѓе.
Надворешната тишина, оддалеченоста од светот, соединети co подвиг co расудување и co непрестајна молитва, многу брзо на душата и’ донесуваат внатрешен мир, што е неопходен предуслов за совршено духовно живеење.
Тогаш на човекот повеќе не му пречи надворешната бучава затоа што, во суштина, само телото се наоѓа на земјата, а умот е на небото.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот чивек” од старец Пајсиј Светогорец” (Четврта глава: Надворешната бучава и внатрешниот мир”)