Светите Отци зборувале за последните времиња како за многу немоќни времиња, кога нема да има толку големи знаци, како оние кои се извршувале во времето на апостолите и од страна на првите монаси во пустината, кога се случувале многу чуда.

Големите Отци воскреснувале мртви; се случувале многу натприродни јавувања; и тие исти свети Отци тврделе дека ќе дојдат времиња кога таквите чуда ќе престанат, дека пред крајот на светот нема да има ништо слично на нив, дека тие кои ќе одат по патот на спасението, на никој начин нема да се разликуваат од останатите, со исклучок на фактот, што во нив, нема да умре борбата со сите тие искушенија.

Самото едноставно чување на искрите на вистинската христијанска вера не прави чуда, воопшто не прави ништо посебно, но ќе ги направи, ако претрпат до крајот, исто така големите или уште поголемите од тие големи Отци, кои правеле натриродни чуда.

Затоа, во ова наше време, надворешната активност на православните христијани е многу ограничена, очигледно, многу поограничена од порано.

Очиглено, така е. И целата таа, внатрешна духовна активност е исто така можна, како и во минатото, за оние кои не сакаат да останат настрана од борбата.

И навистна, ако погледнеме околу себе, гледаме многу впечатливи примери:

св. Јован Кронштатски, направи илјадници чуда, многу и поголеми чуда од кој било во историјата на Црквата; св. Нектариј во Грција, смирен човек, презрен заради лошото управување со својата епархија, но чудотворец, особено после упокојувањето; и нашиот Архиепископ Јован (Максимович), кој живееше овде на оваа земја и одеше по неа, не еднаш одеше пешки по четириесет милји (65 км), доаѓајќи до ова место, благословувајќи го, особено благословувајќи го со Курската икона на Божјата Мајка.

И убедени сме, гледајќи во тие луѓе гиганти на духовниот живот, дека е можно, нешто да прават и во овие наши несреќни времиња.

ИЗВОРProhor Blog
Претходна статијаМу благодарел на Бога за сето она што го имал, а имал беда… (презвитер Горан Стојчевски)
Следна статијаДА ГО ПОЧИТУВАМЕ МИРОТ НА СВОИТЕ БЛИЖНИ