Болестите и непријатните случаи ни се праќаат за наша душевна полза и, пред се’, за наше смирение и за да го водиме животот промислено и разумно.
Може ли да се лекуваме на лекар и да примаме лекови?
Bo ова нема никаков грев; зашто се’ е од Господ Бог – и лековитите средсгва и самите лекари. И не се состои гревот во тоа што човек прибегнува кон лекарска помош, но во тоа ако болниот сета надеж за оздравување ја полага единствено во лекарот и лековитите средства, заборавајќи притоа дека се’ зависи од Семоќниот Бог, Кој Единствен може да оживува или да усмртува.
Преподобен Амвросиј Оптински
Од Себлагиот Бог само добро иде, а не зло – и самата твоја болест е богатство, а ти ропташ, паѓаш co духот, чмаеш; трпи и благодари; за волните сласти во младоста – неволни болести во староста.
Кој ќе пострада co телото, престанува да греши (види 1. Петр. 4, 1). Ете зошто се страдањата неопходен крст за христијанинот: без страдања и без очајание нашата плот се инаети, беснее, греши, Го разгневува Бог, себеси и на душата и’ прави неволји.
Плотта е грешна и многустрасна и од неа се сите несреќи во човештвото. А срцето е многустрасно и скверно!
Она што излегува од човекот, тоа го осквернува човекот.
Зашто однатре, од срцето човечко, излегуваат лоши помисли, прељубодејства, блудства, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, злоби, око лукаво, богохулство, гордост, безумство.
Сето тоа зло однатре излегува и го осквернува човекот (Марко 7, 20-23). Ете каде е изворот на злото во човекот – во неговото срце!
Свети праведен Јован Кронштатски
Авва Пимен Велики велел:
„Еднакви се следниве три нешта: кога некој безмолвствува правилно; кога е болен и My благодари на Бог; кога се наоѓа во нелицемерно послушание. Овие три се ист подвиг”.
свети Игнатиј (Брјанчанинов)