Ванга како претеча на антихристот – Јеромонах Васарион 29 септември 2011 .
За жал, и помеѓу оние кои се нарекуваат православни христијани со одобрување и одушевување се гледа на „феноменот Ванга”. Меѓу нив, и еден свештеник од градот Петрич, кој побара нејзина канонизација.
Со оглед на тоа дека и во нашата земја е особено раширено интересирањето за окултните појави од рангот на Ванга и на неа сличните, пренесуваме извадок од интервјуто со зографскиот јеромонах Висарион, автор на книгата Петар Данов и Ванга- пророци и претечи на антихристот.]
– Што ќе им објасните на луѓето, мнозина Ванга ја сметат за светица?
– Тоа е плод на насаденото атеистичко воспитание. Народот е држен во духовно незнаење токму во годините, кога се јавува феномен како Ванга. Заборавени се вистинските критериуми за светост и духовност, луѓето лесно може да бидат заблудени.
Народот сам може да најде аргументи за тоа дали Ванга е светица или не. Доволен е еден поспецијализиран поглед кон силите, со коишто таа општела и како тие се однесувале со неа. Има многу сведоштва, дека Ванга била измачувана од тие сили.
Нејзината поклоничка Величка Ангелова во својата книга Пророштвата на Ванга – единствената врска меѓу небото и земјата опишува случаи, во кои дотичните сили ја терале Ванга да собира пајажина во ноќта, потоа да се соблекува и пак да се облекува. Бесмислени нешта.
Кога Ванга се обидела да се спротивстави, самата раскажува како силите ја турнале надолу по скалите и таа си ја скршила ногата. Сите тие нешта ја покажуваат темната природа.
Бог не се однесува така со своето создание. Бог не се однесува како тиранин.
Многу добро се знае, дека Ванга паѓала во транс. Тоа не е некаква божествена состојба, напротив – медиумот, во случајов Ванга, така паѓа под влијанието на темни сили, коишто и` го користат телото како бездушно нешто.
Имено затоа се појавува ефектот на туѓ глас.
Таа говори со туѓ глас, затоа што темните сили владеат со некои мозочни центри, гласовни жици и др. Токму заради темните сили таа не говори со својот глас.
Важно е тоа, дека никој намерно не се обидуваа да ја оцрни Ванга, туку самите нејзини поклонички ги пишуваат тие нешта. Пишуваат, затоа што не ја разбираат нивната вистинска суштина. Величка Ангелова опишува момент, во кој Ванга `ржи како куче, ги заплашува околните, дека ќе им стори зло, крши коски.
Од тие моменти луѓето можат да разберат која била Ванга – една несреќна жена, измачувана од темните сили. Многу пати таа самата се жалела од главоболки. После транс се чувствувала лошо. Не знаела кога повторно ќе излезе. Сето тоа е многу важно, за да разбереме е дали е светица , или напротив – жртва на темни сили.
– И да е жртва, таа им помагала на луѓето.
– Токму тоа е прашањето. Таа помош може да има два извора- едниот е божествениот, којшто се пројавува преку светиите, Бог или исцеление од икони.
Другото е замка, зашто темните сили не можат така едноставно да ги привлечат луѓето кон себе, кога проповедаат смрт и разрушување. Нивната замка е привидната помош. И луѓето без духовни критериуми се обраќаат кон такви како Ванга. Вера Кочовска е од тој вид екстрасенси.
-Каде се сега Вера Кочовска и баба Ванга?
– За жал Божјото слово вели, дека на маѓосници, коишто се занимавале со повикување на мртви (самата Ванга вели, дека е општи со души на мртви), местото не им е кај Бога, туку во огненото езеро. Така буквално пишува во Светото писмо.
Ние можеме да му веруваме на Божјото слово, но имаме слободна волја и да не поверуваме. Но христијанинот треба да верува на зборовите на Бога и да го води својот живот по нив. Рускиот архимандрит Варнава опишува случај малку по смртта на Ванга.
Таа и` се јавува на сестра си Љубка и и` вели:
“Доста,доста со литургии. Доста. Тие не ми помагаат. Напротив, јас се наоѓам на темнината на адот и ме горат”.
Се разбира, не можеме да кажеме, дека тоа видение е 100% верно и дека тоа покажува каде е Ванга. Но многу факти водат кон еден заклучок.
Ванга има многу богословски заблуди. Таа говори за реинкарнација, за учењето на Рорих- агни јога, коешто официјално е отфрлено од Црквата. Таа вели, дека Данов е светец. Како, штом тој е објавен за самоотлачен од Црквата, за еретик, за опасен лажеучител.
За фатализам говори Ванга, за метемпсихоза (преминување на човечката душа од едно тело во друго).
Според неа Христос нема фигура, додека, се разбира, Христос примил човечка плот.
Т.е. кај неа има искривување на верата од општење со духовите. И како краен резултат се добива општењето со темните сили на злото.
Имам направено детална споредба како лекувале светите отци и како лекувала Ванга. Разликата е поразителна. Кај Ванга има многу магиски елементи. На пример, на човек со фобии му кажува да заколе петел, да му го земе срцето, да го стави во шише со вино, после да изеде срцето и да го испие виното.
Старецот Паисиј говори, дека многу маѓосници ги лекуваат главно луѓето, кои страдале од бесови и на кои болестите не им се од природни причини, туку се причинети од темни сили.
Заради својата врска со бесовите и Ванга можела да „помага”,па и покрај тоа што има телесно исцеление, душата на тие луѓе останува врзана со бесовското влијание. Не треба да гледаме само што станува со телото на некој човек, туку да гледаме подлабоко, што станува со грешната душа.
Бог не случајно вели, дека луѓето, кои призиваат мртви, се гад пред Него. Можеме ли да ги запоставиме Божјите зборови и да почнеме да мислиме со човечко мислење. Бог мисли со вечни категории, а човечкото мислење е насочено кон земниот свет.
– Свештеник од Петрич објави, дека Ванга треба да биде канонизирана за светица.
– Да, архиерејскиот намесник Ангел Кочев. Искажувам голема жал, дека повиканиот да биде учител на народот во правата вера и да ги води кон вечноста, се обидува да канонизира едно почитување на злото, затоа што нејзиното тело било населено имено од нечисти сили.
И наместо свештеникот да им објасни на луѓето што е бајачка, маѓосница и екстрасенс и дека тие појави не се од Бога, тој се обидува да го постави злото како пример…