И самата благодат овладува co душата и, откако душата во тек на многу години се покажала искусна и усогласена co благодатта, ги пушта своите корени длабоко во неа и во сите нејзини помисли, се додека таа не биде потполно опфатена од небесната благодат, која веќе царува во овој духовен сад.

185. Ha тој начин многумина се заблуделе од самото дејство на Божјата благодат во нив.

Тие помислиле дека достигнале совршенство и си рекле:

“Ова ни е достатно; веќе од ништо немаме потреба”.

Ho, Господ е бескраен и непостижен. И христијаните не смеат да речат дека постигнале се’, туку треба да се смируваат дење и ноќе. Душата има многу делови и нејзината длабочина е голема; гревот што навлегол во неа ја завладеал целосно и го опфатил целото срце.

А потоа, кога човекот ја добие благодатта, таа влегува во него и овладува можеби co двата состави на душата. А неискусниот, кој се утешува co благодатта, помислува дека благодатта што го посетила завладеала co целата негова душа и дека гревот од неа потполно е искоренет.

Но, поголемиот дел од душата уште е под власта на гревот, а само едниот нејзин дел е под благодатта. A човекот се самоизмачува и не го знае ова.

186.

И оној што боледува од нешто, има некои делови здрави. Ha пример, очите можат да му бидат сосема здрави или некој друг дел од неговото тело, a некои делови од неговото тело да боледуваат.

Ова бива и co духовното расудување. Некој може да има три духовни члена здрави, но co тоа тој уште не е совршен. Гледаш ли колку има духовни степени и мерки и како тие биваат осветувани дел по дел и дека не се очистуваат одеднаш од злото и од гревот?

187. Како што зародишот во утробата на мајката не станува веднаш човек, туку постепено добива човечки изглед и дури и се раѓа во несовршена човечка возраст, туку првите неколку години расте и потоа достигнува посовршен вид, исто така и семињата, јачменот и пченицата, не веднаш по фрлањето во земјата пуштаат корен, туку откако измине студот и ветровите, тогаш почнуваат да растат, да ги извишуваат своите стебленца и да даваат класови.

И оној што насадил круша – и тој не бере веднаш пловоди од неа.

Така бива и во духовните работи, каде што има многу мудрост и совршенство, духовниот човек расте постепено, постепено доаѓа “до состојба на совршен маж, до мера на полната возраст на Христовото совршенство” Еф. 4,13), а не онака како што тврдат некои: дека станува наеднаш – како кога нешто се соблекува или облекува.

188. Како што пчелата во кошот скришно ги прави сотовите, така и Божјата благодат тајно ја создава љубовта во срцата. Така ја претвора и горчината во сладост и грубоста на срцето – во нежност.

И како што златарот и резбарот, правејќи ги своите украси на некој предмет – ги прават постепено, дел по дел; прават врз нив разни животни и други украси, a кога ја завршат својата работа, тогаш ја покажуваа својата изработка во целиот нејзин сјај, така и вистинскиот Уметник – Христос Господ – ги обновува нашите срца и ги украсува таинствено се’ додека не се преселиле од нашето тело.

Дури тогаш станува видлива убавината на душата.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том I (Свети Макариј Велики)

Подготви: М. Даниловска

Претходна статијаЗа Благодатта – Свети Макариј Велики
Следна статијаСакам да се ослободам од лошите помисли. Ве молам , посоветувајте ме…( Одговори од свештеникот)