Душата што е грешна, заробена од страстите, не може да има мир и да се радува во Господ дури и кога би владеела со сите богатства на светот, дури и кога би царувала над целиот свет.

Ако на цар, кој весело царува и седи на престол во целата своја слава, одеднаш му речат: ,,Цару ти сега ќе умреш”, неговата душа би се возмутила и би затреперила од страв, а тој би ја видел својата немоќ.

Од друга страна, има сиромаси, богати со љубов во Бога, на кои ако им кажеш: ,,Сега ќе умреш”, би одговориле со мир ,,Нека биде волјата Господова”. Слава Му на Господ што се сетил на мене и што сака да ме земе при себе.

Извор: „Марков манастир“

Претходна статијаОПСЕДНАТИТЕ ОД ДЕМОН РЕАГИРААТ НА СЕ` ШТО Е СВЕТО (Старец Пајсиј)
Следна статијаПОСНО И ВКУСНО