ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ ГИ РАЗОРУЖУВА МЛАДИТЕ
Старче, оние што сакаат да го урнат системот, почнуваат од темелот, од коренот, од децата; ги упропастија.
Тоа нема баш така да остане. Злото само од себе ќе се уништи. Во Русија се’ било уништено, но сепак, гледаш што се спучува после само три генерации! Бог не ги остава своите. Дури ни за гревовите на денешните млади луѓе нема да им суди онака како што би судел во наше време.
Старче, како тоа некои млади, кои живеат светски живот, кога ќе почне разговор за верата, даваат многу точни одговори?
Тие млади сепак имаат добро настроение, но се незауздени и светот ги носи. Затоа и даваат правилни одговори.
Сакам да го кажам спедново: некој, на пример, сака да оди по еден пат; го сака тоа, но просто нема сили да го следи; а кога ќе види некој да оди по тој пат, тоа го почитува. Бог нема да ги остави таквите луѓе затоа што не се зли. Ќе дојде час кога ќе имаат сила да тргнат напред.
Старче, како да им се приближиме на младите кои скршнале од вистинскиот пат?
Co љубов.
Постои ли вистинска, благородна љубов, младите веднаш ќе ja почувствуваат и тоа ќе ги разоружа. Bo ќелијата ми доаѓаат млади, од сите страни, co разни проблеми. Убаво ги примам, ги послужувам, разговарам co нив и за кратко време стануваме пријатели.
Ги отвораат своите срца и ја примаат мојата љубов. Некои злобни се лишени од неа. Жедни се за љубов. Веднаш се забележува дека ниту од мајката, ниту од таткото не почувствувале љубов; просто не можат да се наситат од неа.
Така, ако страдаш заедно co нив, ако ги засакаш, ги забораваат своите проблеми, дури и дрогата; болестите отстапуваат, го оставаат беззаконието, а потоа доаѓаат на Света Гора како побожни поклоници.
. Затоа што, на некој начин ја почувствувале Божјата љубов. И гледам дека во себе имаат искреност што ти го крши срцето. He треба да им се дава парична помош, иако често имаат потреба и од тоа, туку нека се фатат за работа за да излезат накрај co себе, а навечер нека одат на училиште.
Ваквите млади заслужуваат да им се помогне. На новата железничка станица во Солун постои Дом каде многу млади, момчиња и девојчиња, живеат заедно. Bo просторија за тројца, живеат петнаесет.
Тоа се деца од растурени семејства; некои од нив крадат, а некои, поради чесност, не можат да го направат тоа. Co години им зборував на некои луѓе да им пријдат, да им помогнат. Велев да направат црква за таму да се собираат. Сега е изградена црква во чест на заштитникот на железничарите, апостолот и ѓакон Филип.
Bo секој случај, сфатив дека кога човек од мал не ги користи на добро приликите што му се дадени, често ги користи ѓаволот.
Зошто изреката вели: Железото се кова додека е жешко?
Кога сакале да спојат две парчиња железо не гледајте на денешните времиња кога постојат апарати за швајсување и слично – ковачите го ставале железото во оган, а потоа турале топла вода и боракс.
Штом ќе ги изваделе парчињата железо од огнот, додека вријат, за еден момент ќе ги споеле. Но ако се оладат, тоа не е возможно.
Сакам да кажам дека истото се случува и co младиот човек. Кога ќе му се укаже прилика, ако не ја искористи, ќе почне да се занимава co другите, да суди, осудува и Божјата благодат ќе се оддалечи.
А кога има божествена ревност, ако внимава, ќе напредува.
Затоа родителите, колку што можат, треба да им помогнат на децата додека се мали. Децата се како празни магнетофонски касети.
Ако се полнат co Христа, секогаш ќе бидат близу до Hero. Bo спротивно, кога ќе пораснат, лесно ќе скршнат од вистинскиот пат.
Ако им се помогне додека се мали, ако подоцна скршнат од вистинскиот пат, ќе се вратат.
Дрвото натопено co масло не скапува. Ако децата по малку ги „натопуваме” co побожност и co страв Божји, подоцна нема да имаат тешкотии.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец
Подготви: Мина Даниловска