ГО ПРАКТИКУВАШ ЛИ ТОА ШТО СОВЕТУВАШ?!
А свети Исидор Пелусиот вели:
“Кога човекот, кој зборува за вистината и за добрите дела,
и самиот нив ги прави според својата сила од она што го зборува,
тогаш таквиот човек станува икона на христијанската филозофија”.
Бидејќи тој зборува и co живеењето, и co зборот.
Ако, пак, човекот само зборува, а воопшто не прави, станува лицемер.
Дури и ако неговите зборови им користат на други,
треба според нив и тој тоа да го практикува!
Што им вели Спасителот на закониците:
“Тешко и на вас закониците, што ги натоварувате луѓето co тешки бремиња за носење, а вие сами ни co еден прст не се допирате до тие бремиња (Лука 11, 46)!












