Добро е, многу е добро да се биде добродетелен човек.

Добриот човек и самиот е спокоен, и на Бога Му е угоден и на луѓето им е пријатен. Добродетелниот човек, и против својата волја, ги

привлекува на себе погледите на сите. Зошто? Затоа што миомирисот и против наша волја нѐ привлекува да му обрнеме внимание и да го

вдишеме.

Погледнете го и самото лице на добродетелниот човек, погледнете го неговото лице. Какво е тоа лице?

Тоа е – ангелски лик. На него се истурени кроткост и смирение и тоа,

и несакајќи, секого го плени со својата убавина.

Обрнете внимание на неговиот збор: од него допира уште посилен миомирис: вие тогаш како да се наоѓате лице в лице со неговата душа и се топите од неговата слатка беседа.

Претходна статијаЗа односот кон духовниот отец – Архимандрит Рафаил (Карелин)
Следна статијаНека ни засветли и нам грешните Твојата беспочетна светлина” (На празникот Преображение…)