“Во денешното евангелско четиво опишани се две состојби. Првата состојба е кога слепиот повикува кон Богочовекот Исус Христос:
„Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!“
Оваа состојба го покажува првиот степен од духовниот раст – чистење на срцето од страстите.
За овој степен знаеме дека се карактеристични усно-умствената молитва и очистувањето на енергијата на умот, но исто така, и сè уште присутната затвореност на срцето за молитвата и непросветленоста на умот, односно духовното слепило.
Кај слепиот ја забележуваме не само упорноста во усната молитва – „Оние што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше:
’Сине Давидов, помилуј ме!‘“, туку и свеста дека е слеп и дека треба да се ослободи од тоа слепило. Слепиот верува дека Христос може да го исцели.
Свесноста за својата грешност и свесноста дека само Бог може да нѐ исцели од неа се основните темели на православниот духовен живот.
Втората состојба што може да се издвои во денешното евангелие е кога Христос направи слепиот да прогледа.
„Исус застана и заповеда да Му го доведат“.
А пред Христос нѐ доведува нашиот духовен отец, ако преку послушанието кон него го ставиме нашиот ум во процес на исцеление.
„И кога оној се приближи до Него, го праша, велејќи: ’Што сакаш да ти направам?‘ Тој рече: ’Господи, да прогледам!‘ Тогаш Исус му рече: ’Прогледај! Верата твоја те спаси‘.“
Оваа состојба го покажува вториот степен од духовниот раст, а тоа е просветлувањето на умот.
Просветлувањето, од една страна, претполага доволно очистена суштина на срцето од страстите, а од друга, тоа е Божји дар.
Чистотата на срцето ја овозможува пројавата на благодатта на Крштението во него, како и симнувањето на енергијата на умот во местото од каде што таа се пројавува.
Бидејќи умот веќе го знае местото на срцето, тој ја напушта умно-усната молитва и продолжува да се моли внатре во срцето.
Таму внатре, соединет молитвено со Божјата благодат, тој целосно се просветлува.
Oние што се наоѓаат на степенот на просветленост, исто така, се чувствуваат како слепи во однос на оние што со своите преобразени телесни очи ја гледаат несоздадената божествена светлина на богопознанието, дури и повеќе отколку што своето слепило го чувствуваат вистински духовно слепите од степенот на чистење на срцето од страстите (ако воопшто и ја чувствуваат…).
Затоа и свети Григориј Палама во тој период од својот духовен развој молитвено повикувал:
„Господи, просветли ја мојата темнина!“
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp…
Коментар на денешното евангелско четиво: