Сеќавањата на игуманија ПУЛХЕРИЈА, настојателка на манастирот во градот Слободски Вјатска губернија

Bo 1830 год., според заветот што си го дадов, се подготвив за пат во Саров, и тргнав по Волга. За време на патот, близу Нижни Новгород, се почувствував лошо; мојата болест (отоци по цело тело) набрзо толку се влоши, што морав да останам во Нижни Новгород едно четири недели и да чекам или оздравување или смрт.

Me примија гостопримливите монахињи на Ниженовгородскиот манастир, каде што, co согласност на игуменијата Доротеа, веќе ме подготвуваа за оној свет.

Ho, jac, имајќи цврста вера во спасителната сила на отец Серафим, co солзи не еднаш го замолив така оддалеку да се помоли за мене, грешната, Господ да ми го продолжи животот, макар на кратко време, за да одам во Саров и да го добијам неговиот последен благослов.

Бог ми ги слушна молитвите; здравјето малку ми се поправи, и јас, не обрнувајќи внимание на отоците пo телото, одлучив да го продолжам својот пат.

По пат повторно морав да се задржам на две недели во Алексеевската Арзамаска општина, поради целосна исцрпеност.

Освен отоците и целосна раслабеност, телото сето ми пожолте и очевидно беше дека страдам од водена болест.

По две недели почувстував повторно мало олеснување, па продолжив no патот, и надминувајќи ги своите сили, на крајот, co Божја помош, стигнав во Саров.

Другиот ден, no утринската служба, во точно определеното време, влеговме во тремот на келијата на старецот и меѓу многуте посетители видов еден човек кој горко плачеше.

Отец Серафим за нешто строго му приговорил и кога овој сакал нешто да му даде на старецот, старецот му одговорил:

„Сега не го примам; сега не го примам”.

Јас, исто така, од срдечност кон старецот, имав подготвено една крпа на дар, сопствено ракоделие; но, кога слушнав за последното, одлучив да не го давам подарокот, го сокрив и отидов кон вратата.

И чудо!

Разделувајќи ја толпата посетители, отец Серафим со насмевка се доближи до мене и молчејќи ми подаде рака.

Тогаш, од радост и воодушевување, не знаејќи што да правам, му ја подадов крпата и тој, откако ја зеде, трипати се истри со неа и рече:

“Дојди, радост моја, со мене”. Ме воведе во својата ќелија, ме благослови и ми даде просфора со света вода, а потоа рече:

“Утре ќе се видиме”.

Кога се вратив во гостилницата, открив дека мојата болест, која како да се имаше повлечено, повторно ми се појави.

Следниот ден, отец Серафим, по раната служба, замина во својата пустина, и ние требаше да одиме таму за да добиеме негов благослов. Јас едвај одев пo моите сопатници.

Bo ќелијата на отец Серафим поседовме околу еден час, во очекување да излезе, и сите си ја кажувавме Исусовата молитва.

Ha крај, тој излезе облечен во полумантија, co запалена во рацете свеќа и почна да не’ благословува сите, што му приоѓавме еден по еден, а тој секому кажуваше no нешто полезно за душата.

После сите пријдов и јас, и тој погледнувајќи ме, ми рече:

„Ти, матушка, си многу болна”; а потоа, благословувајќи ме, ми рече: „Оди измиј се на изворот и напиј се, па ќе бидеш здрава”.

Jac му одговорив: „Веќе пиев, баќушка, и се измив, кога дојдов овде”.

Ha тоа, тој повторно ми рече: „Земи, матушка, малку вода од изворот co себе, пиј и миј се, и телото измиј си го, апостолите Христови ќе те исцелат, и ќе бидеш здрава”.

Кога му реков дека немам ништо за да земам вода, тој изнесе од ќелијата мало бокалче и ми го повтори истото, што треба да направам co водата, и кога одев на извор и кога се вратив.

Кога се вратив во гостилницата, истиот час го исполнав сето она на што ме поучи отец Серафим, не плашејќи се да употребувам вода при водена болест.

И Господ Бог, по молитвите на својот праведник, изврши над мене, грешната, чудо.

На општо чудење на сите, особено на оние кои ми забрануваа да го натопувам телото во вода, кажувајќи дека водената болест тоа не го трпи, јас, следното утро станав сосема здрава и дотолку се бев изменила, што оние кои ме видоа претходниот ден не можеа утрото да ме познаат.

Сета вода, што се наоѓаше под кожата и што покажуваше лажна дебелина, беше истекла; и отоците беа уништени, жолтилото се имаше повлечено од лицето; болката ми се смири.

Со еден збор, бев како преродена.

Пред самиот пат за дома, отец Серафим ни пушти мене и на две други сопатнички, заедно со благословот, и по еден симболичен знак:

мене – свиткано на врвот стапче, на другата – стапче со четири израстоци, а на третата – обично стапче.

Не го разбравме тогаш значењето на тие симболи, но со текот на времето се покажа колку многу значење има во секое од нив, а и тоа дека отец Серафим е прозорлив.

Јас, недостојната, стапив во манастир и сега носам игуменско жезло, другата – заедно со двата сина и ќерката – сите четворица примија монашки образ, а третата – сама стапи во манастир.

На тој начин, Господ Бог ја оправда мојата цврста вера во чудодејствената молитва на праведникот, за посрамување и поука на сите оние кои немаат вера.

Извадок од книгата “Преподобен Серафим Саровски во сеќавањата на современиците”

Претходна статијаПразник над празниците – Вoвeдeниe на Прeсвeта Бoгoрoдица – Пречиста
Следна статија26 Недела по Педесетница (Д. Наум) Како навистина да станеме бог(ати)?