http://www.mpc.org.mk/pouka.asp…

Коментар на денешното евангелско четиво:

“Сите сме создадени од Бог, ама не сите сме свесни за тоа.

Сите сме опсипани од Божјата љубов,
но не сите го гледаме тоа.
Сите сме Божји деца, но не сите го знаеме тоа.
 
Покајанието, т.е. преумувањето нѐ освестува дека Бог е нашиот Создател, ни ги отвора очите, умот,
да видиме Кој вистински нѐ љуби и ни носи познание на нашиот Небесен Отец – од заедницата со Него.
 
Наше е да сфатиме дека сме изгубени, т.е. несвесни,
слепи и неопитни, и да Го побараме;
Негово е да нѐ најде – како умее и знае.
 
Наше е да се покаеме, т.е. да се преумиме,
од неверни во верни,
од самољубиви во богољубиви,
од себични во дарежливи,
од комформисти во аскети,
од фантазери во молитвеници;
 
а Негово е да се радува на нашиот подвиг.
Наше е да паѓаме во таа борба,
а Негово е да ја држи раката подадена да ја прифатиме кога ќе ни затреба,
за да се подигнеме и да продолжиме со подвигот.
Никакво наше паѓање не е страшно сѐ додека по секој еден пад стануваме и продолжуваме со надеж дека сме покриени од Неговата љубов;
самото станување е показател дека сме покриени.
Страшно е да мислиме за себе дека не сме изгубени и дека нема потреба Некој да нѐ бара, посебно кога сме за Бог изгубени.
Без ставање на умот во процес на исцеление преку послушание и духовно раководство од духовен отец нема покајание;
инаку, како ќе го преумиме, промениме умот од горд, расеан и затемнет во смирен, собран и просветлен?
Таму каде што нема исповед и духовно раководство нема покајание; таму нема ни барање,
ни наоѓање, ни радост на Небото.
Покајанието ја симнува целата небесна радост на земјата.“
Претходна статијаДА ЉУБИШ БЕЗ ХРИСТОС…?! (Митрополит Наум)
Следна статијаПразник над празниците – Вoвeдeниe на Прeсвeта Бoгoрoдица – Пречиста