Коментар на денешното евангелско четиво:

“Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата.

Гостилничар е Епископот.

Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сè што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души, па и тела, се повредени од демонскиот напад.

Богочовекот Исус Христос му остави на свештенството и личен пример, и толку неисцрпна благодат што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа.

Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари.

Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за којашто му е однапред преплатено.

А ако ја заврши работата како дете Божјо – а не како наемник – трошејќи се себеси и „повеќе од она што му е платено“, блазе си му на таквиот гостилничар кој Бог ќе Го направи свој „должник“.

Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна…”

Дедо Наум

Претходна статијаЖИТИЕ НА СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ ( ПРОПОВЕДНИК НА ПОКАЈАНИЕТО)
Следна статијаДА ЉУБИШ БЕЗ ХРИСТОС…?! (Митрополит Наум)