АКО НЕ СЕ ПОКАЕТЕ, СИТЕ ТАКА ЌЕ ИЗГИНЕТЕ…

“Некои луѓе страдаат поради своите гревови,
а некои поради восовршување.

Првите се делат на две групи – едната се тие на коишто им истекло времето дарувано за покајание, иако не се и најгрешните,
а другата се тие на кои не им истекло времето дарувано за покајание,
иако меѓу нив може да има и погрешни отколку во првата група
– „ви велам:

ако не се покаете, сите така ќе изгинете“.

„Опкопувањето и ставањето ѓубре на смоквата“
е духовната работа, саможртва и молитва – лична и литургиска,
на светите луѓе,

со што тие купуваат време за покајание на оние што страдаат поради своите гревови:
„па, ако роди, добро;

ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш“,
а за себе – време за восовршување.

Времето за восовршување на светите луѓе, исто така, се дели на два периода;
едниот, во служба на Црквата, а другиот во лично исихастичко восовршување во анонимност или во мачеништво.

Секој треба да си го освести своето време – уште колку и за што му е дадено. А „времето“ тече…” – Д. Наум
http://www.mpc.org.mk/pouka.asp…
Коментар на  евангелско четиво:

Претходна статијаЗА ПОСТОТ – Свети Григориј Палама
Следна статијаСЕ ПОДГОТВУВАМЕ ЗА ПОСТОТ?