Коментар на денешното евангелско четиво:
“Гледаме дека богатиот нема име, а сиромавиот има – Лазар, односно гледаме дека првиот нема личносен однос со Бог, а вториот има.
Гледаме дека преку себичните уживања од овој свет се стигнува до пеколот, а дека преку трпењето на страдањата со благодарност се стигнува до Рајот.
Гледаме дека пеколот е место на големо и осамено страдање, а дека Рајот е место на голема утеха, заедница и радост.
И гледаме дека нема премин од пеколот кон рајот, и обратно. Добивањето статус на дете Божјо не е магиски чин, ниту ефект на чудото, ниту труд на само информирање и интелектуална надградба,
туку тоа е долг процес на духовно растење и созревање, преку исполнување на Божјите заповеди, до богопознание.
Заклучоков произлегува од завршниот разговор помеѓу Авраам и богатиот.
Богатиот му вели на Авраам:
“ако некој од мртвите отиде при нив, тогаш ќе се покајат” (Лука 16, 30).
А Авраам му одговара: „и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат”,
односно на оној што нема да изгради и усвои личен однос со Бог, ниту магискиот пристап кон животот – на идолопоклониците, ниту некакво чудо – какво што бараат Јудејците, ниту интелектуалниот развој – од кој се фасцинираат Елините, ќе им помогнат да веруваат и опитно да Го познаат Бог.
А самиот Авраам ни го открива и поконкретно восиновувањето како процес на духовно растење и созревање преку послушание на духовниот отец:
„што Мојсеј и Пророците не ги слушаат, тогаш и да воскресне некој од мртвите, тие нема да му поверуваат“.“
Митрополит Наум