Свети Димитриј Солунски – Житие
Свети Димитриј Солунски бил христијански маченик зживеел во Солун во почетокот на 4. век.
Неговиот ден се празнува на 8. ноември (26 октомври по стариот календар).
Овој славен и чудотворен светител се родил во градот Солун од благородни и благочестиви родители.
Измолен од Бога од бездетни родители Димитриј беше син единец, заради што беше воспитан и однегуван со големо внимание.
Татко му беше војвода солунски, па кога умре татко му го поставија Димитриј за војвода наместо неговиот татко.
Кога го постави за војвода, христоборниот цар Максимијан особено му препорача да ги гони и истребува христијаните што беа во Солун.
Но Димитриј не само што не го послуша царот туку напротив, јавно Го исповедаше и Го проповедаше Христа во градот Солун.
Кога слушна за тоа царот Максимијан многу се огорчи на него, па еднаш враќајќи се од војна, царот сврати во Солун посебно за да ја испита оваа работа.
Го повика, значи, војводата Димитриј и го испитуваше за верата. Димитриј јавно пред царот призна дека е христијанин и го изобличи идолопоклонството на Максимијан. Разјарен, царот го фрли Димитриј во затвор.