АКО ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА НЕ СЕ РОДЕШЕ, УШТЕ ЌЕ ГО ЧЕКАВМЕ ХРИСТОС

„Што се случило по трагедијата на човековото паѓање?

Преку своите пророци Бог покажал дека не ги оставил луѓето, туку секогаш бил до нив и се грижел за нив.

Вековите минувале и настапило времето Он да создаде ново небо и нова земја.

Кога времето се исполнило, тоа ново небо всушност било природното во лицето на Света Богородица. Бог ја зел нејзината плот и се соединил ипостасно со човечката природа.

Божјиот Син станал Човек. Тој се скрил во нејзината плот, за да ни се открие нам.

Кога Мојсеј ги примил Десетте Божји заповеди и слегол да им ги даде на луѓето, тие не можеле да гледаат кон него, затоа што лицето му светело многу силно од средбата која ја имал со Бог.

Затоа тој го покрил лицето, за да може да се доближи до луѓето и да им го даде посланието, кое го примил.

Сега Бог како да го направил истото.

Тој зел од плотта на Пресвета Богородица, се облекол со неа и нејзината крв, за да може да оди помеѓу нас, за да можеме да Го видиме.

Он се скрил, за да се јави!

Ако Пресвета Богородица не се родеше, уште ќе Го чекавме Христос.

Затоа ја почитуваме толку многу. Христијанството е најфеминистичката религија во светот.

Кој светител го почитуваме после Бог?

Почитуваме една жена Пресвета Богородица, која всушност е над сите светители.

Пресвета.

Во ниедна религија жената не е удостоена со таква чест. Според христијанството Таа е најдрагоцена за човештвото.

Свети Јован Златоуст вели – како златарот што сака да направи убав украс и бара да најде чисто злато, најскапоцен дијамант, којшто го има, за да го обработи, така и Бог очекувал да се роди и да ја најде таа жена, за да се роди од нејзината плот и да оди помеѓу нас.

Христос се воплоти заради нашето спасение, за да се спасиме ние. Но само ние ли?

Не. Рековме, дека и материјалниот свет ќе се спаси, кога луѓето се спасуваат.

А спасението на невидливиот свет?

Отците велат, дека преку света Богородица ангелите биле удостоени со непроменливост, т.е. тие веќе не можат да се променат.

Пред да се роди Христос, пред да биде распнат и да воскресне, демоните можеле да се покајат и одново да станат ангели (оние кои би го посакале тоа), а и обратно – небесните ангели имале избор да станат демони.

По распетието на Христос тие ја зазеле својата конечна позиција. Ангелите секогаш ќе бидат ангели, вели свети Григориј Богослов.

Тоа се случило откако се родила света Богородица.
Не само што станале неизменливи, но ангелите се удостоиле и со спознавање на Божјите таинства, вели еден друг светител.

Ангелите ги научиле работите, кои дотогаш не ги знаеле, тие тајни им биле откриени од самиот Господ.

Сега сфаќаме што ѝ должи вселената на Пресвета Богородица. Целиот свет:

и луѓето, и видливиот, и невидливиот свет.

Затоа и презирот, кој протестантите го покажуваат кон Пресвета Богородица, е толку страшен – ја сметаат за толку ниска.

Некои од нив велат, дека света Марија Магдалена стои повисоко од Божјата Мајка и придонела многу повеќе од неа.

Веројатно затоа што оддаваат поголемо значење на мисијата, но поентата е да не се правиме мисионери на другите, пред да си бидеме мисионери на самите себеси.

Свети Јован Златоуст вели:

Христос го прими моето тело и ми го даде Својот Дух, а свети Николај Кавасила, пак, вели, дека човекот бил прероден преку тоа ипостасно соединување.

Преку тоа соединување на Бог со нашата плот се раѓа новиот Адам, Кој не е како првиот. Овој пат Он не е од прав и од дух, туку од крв и од Дух.

Се раѓа Богочовекот. Тој е новиот Адам, не е човек, не е Бог, туку двете заедно.

Богочовек. Во Посланието до Ефесјаните св. ап. Павле вели – за да соедини се што е небесно и земно под една глава – Христос….“

Старец Никон Светогорец

Претходна статијаСоблазната е чедо на самољубието!
Следна статијаПреподобен Теофил Струмички, моли се за нас оче свети! (23. октомври)