Некој старец живеел во манастир на краојот од градот
Александрија.

Тој бил многу раздразлив и малодушен.

Некој млад монах, многу слушајќи за него, се заколнал пред Бога, со зборовите:
,,Господи, за секое зло што сум го направил ќе отидам и ќе живеам со тој старец, трпејќи од него сѐ и ќе му служам како роб”.

Така тој и постапил: отишол кај старецот и почнал да живее со него.

Старецот постапувал со него како со куче, секојдневно изживувајќи се над него.

Бог го забележал трпението на братот.

После шест години живеење со старецот, монахот видел во сон некој страшен човек со голем свиток во раката.

Тој што му се јавил во сонот му кажал дека половината од напишаното на свитокот е избришано, и додал:

,,Еве, половината од твојот долг е избришан од страна на Владиката! Погрижи се и за другата половина”.

Во нивното соседство живеел некој друг старец, кој бил
духовно просветлен, и секогаш слушал како беснее оној старец и го навредува братот, како братот му се поклонува пред нозете, а старецот сепак не му простува.

Сретнувајќи го младиот монах, духовно просветлениот старец му говорел:

,,Како е чедо? Како помина денеска? Прибра ли нешто? Избриша ли нешто од списокот?”

Братот знаел дека старецот е духовно просветлен и не ги криел од него своите тајни, па му одговарал: ,

,Да, отец, денеска ние малку се потрудивме”.

Кога пак денот му поминувал спокојно, без да биде ниту искаран, ниту исплукан, ниту истепан, ниту избркан, тогаш тој навечер одел кај духовниот старец, плачел и му кажувал:

„Ах, авво! Денешниот ден беше бескорисен: ништо не прибравме, го минавме денот спокојно”.

По шест години братот починал.

Потоа духовно просветлениот старец раскажувал дека тој го видел братот, кој стоел пред Бога во лик на маченик и со голема смелост го молел Бога за старецот со кого што живеел:

Господи! Како што Ти мене ме помилува со негова помош, така помилувај го и него по благоста Твоја и поради мене, Твојот слуга”.

После поминати четириесет дена братот го земал кај себе и старецот во местото на упокоените.

Ете каква смелост имаат пред Бога оние кои трпат маки заради Него.

(Св. Игнатиј Брјанчанинов – „Отечник”)

Претходна статијаЗа разурнувањето на Ерусалим Второто Христово доаѓање и крајот на светот (Евангелие по Матеј)
Следна статијаИскачување на душата на Небесниот брег – Св. Јустун Ќелиски