. Празник на сите светии. – Кои се тие? – Тие се сите маченици: едни се оние што ja пролеале својата крв, a другите се оние што преку своите подвизи се самоумртвувале.
– 2. Кон овие се прибројуваме и ние.
Нашите мачители страстите, страсните луѓе и демоните – бараат од нас да отстапиме од Бога и да преминеме на нивната страна, но бидејќи ние не им се покоруваме, трпиме надворешни и внатрешни лишувања и маки и постојани борби.
– 3. Ho, да останеме тврди до крајот и да се удостоиме да бидеме заедно co мачениците.