Свети Теодор СтудитBo вознесението на Господа Исуса Христа го празнуваме и вознесението на нашата природа; да го почитуваме овој дар и да се украсуваме co секакви добродетели. – 2. Кој не е таков, тој не е Христов член. Затоа, секој кој е поробен на некоја страст, нека се покае и нека се поправи; оној што, по извесно време, ќе потпадне пак под дејство на страстите, нека побрза да ја поправи својата духовна расположба. – 3. Да побрзаме, зашто смртта е секогаш близу до нас, a пo смртта ги чека осудување непокајаните.
1. Го празнуваме Господовото Вознесение, крајот на домостроителното воплотување на нашиот Господ Исус Христос.
Откако завршил сѐ што било по волјата на Отецот, се вознел во слава, и нас нѐ совоскреснал и нѐ издигнал на небото во Своето свето Тело.
Какво богатство на Неговата слава!
И колку е неизмерна величината на Неговата сила! (Ефес. 1, 18-19).
Он ја издигнал нашата смирена и ништожна природа и ja поставил на Својот божествен Царски престол и сите небесни сили My ce поклонуваат Нему.
Кога помислуваме за ова, да се исполнуваме co страв и трепет, co побожност да ја почитуваме големината на овој дар и да живееме достојно спрема нашата Глава, како членови Христови, како оние што имаат исто тело како Неговото и сонаследници „co чистота, co знаење, co долготрпеливост, co благост, co Духот Свети, co нелицемерна љубов, co проповед на вистината, co сила Божја” (2. Кор. 6, 6-7),
co секоја послушност и смирена мудрост, co секоја загриженост и внимание, без да изговараме нешто неумесно и без да правиме нешто против заповедите.
2. Па така, оној што го осквернува своето тело – тој веќе не е член Христов.
И тој што има некоја страст, и тој веќе не е Христов член.
И затоа е недостоен да се причестува co Светите Тајни.
Затоа апостолот говори:
„Човекот да се испитува самиот
себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој ќе јаде и ќе пие недостојно, тој ќе го јаде и ќе го пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово.
Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина умираат. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме судени.
Но, бидејќи сме осудени, Господ нѐ накажа, за да не бидеме накажани заедно co светот” (1. Кор. 11, 28-32).
Затоа, да се очистиме и да се поправиме, та достојно да се именуваме членови Христови и
Ако ни се случи од невнимание да се распалиме co лоша похот, или co гнев или co завист, или co омраза или co нешто друго што e омразено пред Бога, да се потрудиме што побрзо да се поправиме, да дојдеме до претходната добра положба, да се отрезниме и да не се задржиме во злото, зашто свесното и доброволно задржување во ова ја донесува неизвинителната осуда.
3. Зар смртта не може да дојде неочекувано?
Ете, вчера го посетивме нашиот епископ.
Го најдовме во висока температура и истоштен: тој се вртеше таму – ваму, бараше помош, и никој не можеше да му помогне.
Зар и ние не можеме одеднаш и ненадејно да се најдеме во иста состојба?
– A што се овие маки во споредба co идните?
Тие, во споредба co нив, се само како сон и сенка.
Тој оган не изгаснува, тој црв не умира, тој мрак не се разнесува, тие вериги не се разврзуваат:
и крцкањето co забите не престанува и сите други пеколни маки се вечни.
Кога помислуваме сериозно за сето ова, браќа, да престанеме да ги сакаме страстите, да престанеме да завидуваме, да се гневиме, да осудуваме, да клеветиме и да престанеме да правиме сѐ друго што е лошо.
Напротив, да почнеме да создаваме мир, да ја пазиме нашата добра расположба, да се скрушуваме, да бидеме милостиви, да се сакаме еден co друг co чиста љубов и сѐ што ни е заповедано, да го извршуваме усрдно и доброволно. – за да ги избегнеме и вечните маки и да го добиеме вечниот живот.
Пренесено од книгата ,,Добротољубие” том IV