Жалење поради лоши непријатели и неверни пријатели
1 Блажен е оној, што се грижи за бедните! Во злочест ден Господ ќе го избави. 2 Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов. 3 Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова. 4 А за себе, јас повикав: „Господи, смилувај се на мене, излекувај ја душата моја, зашто згрешив пред Тебе!” 5 Непријателите мои во злоба се распраш уваат за мене: „Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово!?” 6 И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа. 7 Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло: 8 „Смртна болест го фатила; кој еднаш легне, веќе нема да стане!” 9 Дури и пријателот мој, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене. 10 А Ти, Господи, смилувај ми се, исправи ме, та да им возвратам. 11 По тоа ќе дознаам дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене; 12 а мене, пак, ме прифати поради мојата незлобивост и зацврсти ме пред Себе вечно. 13 Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин!