Стиховиː

Кога ќе седнеш, Судијо на сите, да ја судиш сета земја,
Удостој ме и мене да го слушнам овој глас: „Дојдете, благословени на мојот Отец!”

Во овој ден правиме спомен на Второто и непоткупливо Христово пришествие, што божествените отци го одредија од две причини: прво, заради оние коишто знаат за Божјото човекољубие, па живеат мрзливо, велејќи:

„Бог е човекољубив, па кога ќе се ослободам од гревот (кога ќе се покаам), сум си ја завршил целата работа“.

Второ, потсетување на овој страшен ден се прави за да знаеме што нè очекува еден ден по смртта, та оние што овој живот го минуват во мрзливост и неодговорно, да се исплашат од она што ги очекува и да почнат да живеат добродетелен живот, и да не се надеваат само на Божјото човекољубие, но да знаат дека Бог е и праведен и дека ќе даде секому според неговите дела.

Инаку, и душите на починатите треба да излезат пред Судијата. Затоа, овој празник на некој начин претставува и крај на сите празници, бидејќи тој чин – Страшниот суд, ќе биде конечен за сите нас.

Треба да се знае и тоа дека идната недела ќе се потсетиме и на почетокот на светот, и на паѓањето и изгонувањето на Адам од рајот.

Денешниов, пак, ден (празник) е крај на сите денови, како и на самиот свет.

Од оваа недела се скусува храната (повеќе не се јаде месо), а нè повикува и на милостина кон ближните.

Исто така, бидејќи со храна бевме истерани од рајот, и паднавме под осуда и проклетство, по примерот на Адам од наредната недела, се молиме Христос и нас повторно да нè воведе во рајот.

И при Второто пришествие Христос ќе дојде во тело, но не како при Неговото прво доаѓање, тивко и без слава, туку со натприродни знаци и чуда, со силна светлина од небесата, за да биде познаен од сите; дека Он е тој што дојде и првиот пат, и родот човечки го избави, и дека самиот Тој ќе суди, според тоа кој колку зачувал од она што Он ни го дал.

Кога ќе биде тоа пришествие?

Никој не знае. Господ тоа го сокри и од апостолите. Тогаш ќе има некои предзнаци, што некои од светиите нашироко ги објаснија. Некои велат дека тоа ќе биде по седум илјади години!

Пред Неговото пришествие, ќе дојде Антихристот и ќе се роди, како што вели св. Иполит Римски, од жена нечиста, божемна девојка, по потекло од Евреите, од племето Даново, кој беше дете на Јаков; и дека ќе оди меѓу народот како Христос, и дека ќе прави чуда, како што правеше и Христос, и мртви ќе воскреснува (види: 2. Сол. 2).

Тогаш, се вели, ќе се открие синот на погибелта, со секоја сила и знаци и лажни чудеса. Впрочем, нема самиот ѓавол во тело да се претвори, како што вели Јован Дамаскин, туку човек кој ќе се роди од блуд и ќе го прими сето сатанско дејство, и ненадејно ќе се крене, и на сите ќе им се покаже како добар и кроток.

Тогаш ќе има голем глад, на луѓето ќе им угоди, ќе се претстави дека ги знае и Божествените Писма, и ќе пости, и од луѓето ќе биде прифатен, и ќе се прогласи за цар; најмногу ќе го засака еврејскиот народ; ќе дојде во Ерусалим и храм ќе им подигне.

На седум години пред него, како што вели пророк Даниил, ќе дојдат Енох и Илија, и на луѓето ќе им проповедаат да не го примат.

Тој, пак, ќе ги фати, ќе ги мачи, најпосле и главите ќе им ги отсече. Оние што ќе живеат благочестиво, ќе мораат далеку да бегаат, по горите, каде што ќе ги искушуваат демоните.

Оние седум години ќе се намалат заради избраните, а ќе има и голем глад, елементарни непогоди, за малку сите ќе изгинат. По сите овие работи, ненадејно, како молња од небото, ќе се случи пришествието Господово, а ќе му претходи чесниот Крст и огнената река, која сета земја ќе ја очисти од скверноста.

Тогаш ќе биде фатен и Антихристот, и неговите слуги, и ќе бидат предадени на вечниот оган.

Кога ќе затрубат ангелите, ненадејно од сите страни на земјата сиот човечки род ќе дојде во Ерусалим, зашто е во средината на светот. Таму ќе им се суди на сите со души и тела.

Со еден збор, Господ ќе ги одвои праведните од грешните: оние што правеле добро ќе отидат во вечен живот, а грешните во вечни маки, кои нема никогаш да престанат.

Треба да се знае дека тогаш Христос нема да бара пост и сиромаштија, и чуда, иако се добри и тие, туку многу повеќе од овие – милостина и сострадание.

Оти тогаш Господ, и праведните и грешните, ќе ги потсети на оние шест заповеди:

гладен бев, и Ми дадовте да јадам;

жеден – и Ме напоивте;

туѓинец бев, и Ме примивте;

необлечен бев, и Ме облековте;

болен бев, и Ме посетивте;

во затвор бев, и дојдовте при Мене.

Ако ова го направивте на еден од овие мои најмали (браќа), Мене Ми го направивте (види: Матеј 24).

Затоа секој треба да го направи она што може, според своите сили. И секој треба да исповеда (признае) дека Господ Исус е Христос (Месијата), за слава на Бога Оца.

А маките, за кои зборува Светото Евангелие, се овие:

таму ќе биде плач и крцкање со забите, црвот нивни нема никогаш да заврши, и нивниот оган нема никогаш да изгасне; како и она:

фрлете го во крајната темнина. Црквата, пак, јасно учи дека праведните и светиите секогаш ќе бидат со Бога во Царството небесно, во вечната Светлина. А оние што овој живот го минаа далеку од Бога, во мрзливост и привремена храна, ќе одат во маки и темнина, лишени од Божјата светлина.

Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој нè и нас со Твојот посакуван глас, и придружи нè кон оние од Твојата десна страна, и помилувај нè. Амин.

Изворː ПОСЕН ТРИОД
+++

НЕДЕЛА МЕСОПУСНА

УТРЕНА

Канон, творба на свети Теодор Студит, глас 6.

Песна 3

Ирмосː Господи, утврди го моето колебливо срце, врз каменот на Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.

Господ доаѓа, и кој ќе го истрпи стравот од Неговиот поглед!? Кој ќе се појави пред лицето Негово!? Но, биди подготвена, душо моја, за средбата (со Него).

Со плач да одиме пред Бога, и пред крајот да се смириме со Него, зашто судот е страшен, и на него сите откриени (голи) ќе застанеме.

Помилуј ме, Господи, помилуј ме, Ти викам, кога ќе дојдеш со ангелите Твои, да дадеш секому според делата негови.

Твојот гнев е неподнослив, Господи, како ќе го истрпам судот Твој, кога ја прекршив заповедта Твоја! Но поштеди, во часот на судот поштеди ме.

Обрати се, воздивни душо бедна, пред да заврши торжеството на овој живот, пред да ја затвори Господ вратата на брачната одаја.

Згрешив, Господи, како никој друг човек, прегрешив повеќе и од човек; пред судот биди милостив кон мене, Човекољупче.

Славаː троиченː Троице проста, несоздадена, беспочетно естество воспеано во три ипостаси, спаси нѐ нас кои, со вера, на моќта Твоја ѝ се поклонуваме.

Богородиченː Бессемено, Дево чиста, Ти направи да изникне Словото на животот, Кое се воплоти во твојата утроба, неизменливоː Богомајко, слава на твојата Рожба.

Катавасијаː Господи, утврди го моето колебливо срце, врз каменот на Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.

Седален, глас 6.

Мислам на денот страшен, и плачам поради моите лукави делаː како ќе Му одговорам на бесмртниот Цар! Со каква смелост ќе Го погледнам Судијата, блудниот јас! Милосрден Оче, Сине Единороден, Духу Свети, помилуј ме.

Славаː Во долината на плачот, во местотот што си го определил, кога ќе седнеш, Милостиве, да го извршиш праведниот суд, не откривај ги моите тајни (дела), не посрамувај ме ниту пред ангелите; но поштеди ме, Боже, и помилуј ме.

Песна 5

Ирмосː Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се моламː Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.

Неискажливи ќе бидат треперењето и стравот таму; зашто ќе дојде Господ, а со Него и секое дело човечко, и кој тогаш нема себеси да се оплакува!?

Реката огнена ме вознемирува, ме растопува; ме струже крцкањето на забите, мрачна безднаː и како или што да направам, за Бога да Го умилостивам!?

Поштеди го, поштеди го, Господи, Твојот слуга, да не ме предадеш некогаш на лошите мачители – лутите ангели (демони), зашто со нив таму нема спокој да најдам.

Кнез и водач, богат и неславен, голем и мал, таму ќе бидат заедно и рамниː впрочем, тешко секому што не е подготвен.

Олесни, остави и прости ми, Господи, сѐ што Ти згрешив, и не покажувај ме таму пред ангелите во огнот на осудата и вечниот срам.

Поштеди го, поштеди го, Господи, Твоето созданиеː прости ми, зашто само Ти единствен си чист по природа, и никој друг, освен Тебе, не е без нечистотија.

Славаː троиченː Те воспевам Троице, Која си единица по природа, беспочетна и недостижнаː единство царско, сесовршено – Бог, и Светлина, и Живот, и на светот Создател.

Богородиченː Во твоето натприродно раѓање, Пречиста, законите на природата очигледно се надминати, зашто без семе Го раѓаш предвечниот Бог, Кој е роден од Отца.

Катавасијаː Мене, кој од ноќта поранувам, просвети ме Човекољупче, и се моламː Упати ме на заповедите Твои и научи ме, Спасителу, да ја творам волјата Твоја.

Песна 6

Ирмосː Повикав од сè срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.

При страшното пришествие Твое, Христе, кога ќе се појавиш од небото, и ќе се постават престолите, и ќе се отворат книгите, поштеди го, поштеди го тогаш, Спасителу, Твоето создание.

Таму ништо не може да помогне, бидејќи Судијата е Бог: ни ревноста, ни лукавството, ниту славата, ниту пријателството, туку само помошта од делата твои, душо моја.

Таму се заедно кнезот и водачот, сиромавот и богатиот, и не може да ти помогне, душо, ни мајката, ни таткото, ниту братот да те избави од осудата.

Помислувајќи, душо, на страшното испитување на Судијата, подготви го уште овде твојот одговор, да не бидеш осудена на вечни вериги.

Да не го слушнам, Господи, Твојот глас: Оди од Мене, и оди во огнот на проколнатите, туку посакуваниот повик на праведниците.

Избави ме, Господи, од адските врати, од бездната, од мрачната темнина, од неизгасливиот оган, и од секоја друга вечна мака.

Слава: троичен: Го воспевам Божеството на Троичното единство: Отца и Сина и Божествениот Дух, моќта на единственото начело, соразделено од три (лични) својства.

Богородичен: Ти си врата низ која мина само еден, Кој влезе и Кој излезе, и Кој не ги разврза клучевите на твоето девство, Чиста, Исус – Твојот Син, Кој го создаде Адама.

Катавасија: Повикав од сè срце кон Штедриот Бог, и ме слушна од најдолниот ад и го изведе од гибел животот мој.

Кондак, глас 1: Кога ќе дојдеш на земјата со слава, Боже, сета твар ќе затрепери: река огнена пред судот тече, книгите се отвораат, и тајните се откриваат. Тогаш избави ме од неизгасливиот оган, и удостој ме од Твојата десна страна да застанам, Судијо нјправеден.

Икос: Мислејќи на Твојот страшен суд и на судниот ден, предобар Господи, се плашам и се бојам, од мојата совест изобличуван, кога ќе седиш на Твојот престол и ќе судиш, тогаш никој не може да ги одрече гревовите свои, бидејќи вистината ќе победи и никој не ќе може да противречи.

Тогаш многу ќе загрми огнот геенски, а грешниците ќе закрцкаат (со забите). Затоа помилувај ме пред да дојде крајот, и поштеди ме, Судијо најправеден.

ие, туку многу повеќе од овие – милостина и сострадание.

Оти тогаш Господ, и праведните и грешните, ќе ги потсети на оние шест заповеди:

гладен бев, и Ми дадовте да јадам;

жеден – и Ме напоивте;

туѓинец бев, и Ме примивте;

необлечен бев, и Ме облековте;

болен бев, и Ме посетивте;

во затвор бев, и дојдовте при Мене.

Ако ова го направивте на еден од овие мои најмали (браќа), Мене Ми го направивте (види: Матеј 24).

Затоа секој треба да го направи она што може, според своите сили. И секој треба да исповеда (признае) дека Господ Исус е Христос (Месијата), за слава на Бога Оца.

А маките, за кои зборува Светото Евангелие, се овие:

таму ќе биде плач и крцкање со забите, црвот нивни нема никогаш да заврши, и нивниот оган нема никогаш да изгасне; како и она:

фрлете го во крајната темнина. Црквата, пак, јасно учи дека праведните и светиите секогаш ќе бидат со Бога во Царството небесно, во вечната Светлина. А оние што овој живот го минаа далеку од Бога, во мрзливост и привремена храна, ќе одат во маки и темнина, лишени од Божјата светлина.

Со Твоето неискажливо човекољубие, Христе Боже, удостој нè и нас со Твојот посакуван глас, и придружи нè кон оние од Твојата десна страна, и помилувај нè. Амин.

Изворː ПОСЕН ТРИОД

Подготви М.Д. и С.Т.

Претходна статијаКој ќе погоди зошто во болест ве приковал Господ? (Преподобен Јован Лествичник)
Следна статијаЗа гордиот разум… (Дедо Наум)