Икона 11 век
Преподобен Јован Лествичник
Сѐ е од Бог: и болеста, и здравјето, и сѐ што е од Бог ни се дава заради наше спасение.
Едно ни праќа Бог за казна, како епитимија,
друго за вразумување, за да се освести човек;
трето за да не избави од неволја во која би паднале кога би биле здрави;
четврто за човек да покаже трпение и co тоа да заслужи поголема награда…
петто за да нѐ очисти од секаква страст, и од други причини…
А ти кога ќе се сетиш на гревовите, вели си:
„Слава Тебе, Господи, што ми наложи епитимија како казна!”
Кога ќе се сетиш дека порано не си Го спомнувал Бог секогаш, речи:
„Слава Тебе, Господи, што ми даде повод и поука почесто да си спомнувам за Тебе!”
Кога ќе помислиш дека кога би бил здрав, би направил нешто друго, нешто што не е добро, вели:
„Слава Тебе, Господи, што ме одвраќаш од гревот”, и сѐ така…
Така и радувај се!
За сè благодарете My на Бог; и за болежливоста благодарете. Мене отстрана ми е лесно вака да зборувам; а вам, пак, во суштина сигурно не ви е лесно така да чувствувате…
Секако, при ова слово за трпението се молам Господ да ви даде благодушно да ја поднесете болеста и да научите нешто од неа.
Кој ќе погоди зошто ве приковал Господ?
Но несомнено е дека ова ви е пратено како придонес кон животната цел која самите сте си ја одбрале и заради која се трудите соодветно да се однесувате.
Во минутите кога страдањата ви стануваат потешки, освен во ова што ви го кажувам, храброст за благодушно трпение барајте и во примерот на сите светители, и особено на мачениците.
Колку и како трпеле тие?! Тешко е и да се замисли.
Зашто, конечно – во Царството Божјо треба да влеземе преку многу маки (Дела 14, 22).
И тоа што е ветено од Господ се нарекува венец. Заради што?
Затоа што таму не може да се искачиш без сградања. Дотаму патот е еден — крст боолен или неволен.
Ангелот Чувар нека ви дава утеха и радост!
За тоа дека шумот во главата не ви дава да ја задржите миспата, не кукајте.
Бог и суди на душата според она што од неа самата зависи, а не по тоа за кое не е моќна.
Bo срцето држете ја намерата да не се оддалечите од Господ и Он ќе го прими тоа.
Сега треба да го оставите правилото за пост.
Подоцна ќе постите ако на Бог My биде угодно да ве придигне; а сега, во болесга, како лек може да јадете сè што ќе ви советува лекарот.
Има болести чие исцеление Господ го забранува кога ќе види дека е болеста, а не здравјето, попотребна за спасението.
Преподобен Јован Лествичник