Подвижничкиот живот го споредува co натпреварот во трчање и дава детални поуки како успешно да се трча и да биде добиена наградата.

 

Нашиот подвиг е сличен на натпревар во трчање, на што укажал и светиот апостол Павле (1. Кор. 9, 24).

Ho, овде за тој натпревар се одредува мал простор и се поставува кратко време, а во нашиот подвиг патот се протега од земјата до небото, во одреденото време на целиот живот, по што им даваат венци на победниците.

Гледачите на нашиот натпревар се илјадници ангели,

Самиот основач на нашиот подвиг, Кој седи на престолот од Својата слава, но и злобните демони,

нашите непријатели, кои секако се трудат да ни постават невидливи пречки, за да нѐ препнат и да нѐ погубат.

Имајќи го предвид сето ова, и самите гледате, колку треба да бидеме внимателни и претпазливи, загрижени и неуморни, за да можеме не само да трчаме добро, туку и co успех да го завршиме нашиот натпревар.

Самиот почеток на натпреварот не ни придонесува никаква корист, ако не бидеме постојани, ако не трчаме co младешка сила и храбра истрајност, ако не ja гледаме постојано поставената цел пред нас.

Но, и ова уште не ја означува победата, ако co ваков постојан напор не трчаме до самата наша телесна смрт, па макар животот наш и да продолжи долго.

Да трчаме, браќа и оци, да трчаме уште и уште, да се стремиме да стигнеме што подалеку и подалеку, барајќи помош и сили од човекољубивиот Бог;

и добро да трчаме и успешно да стигнете до поставената цел.

Спасителот наш Господ Исус Христос ни го посочил овој подвиг:

добро да трчаме и да победиме, ветувајќи ни неискажлива радост и слава, а на мрзливите и немарните, кои или воопшто ни од самото место не појдуваат или пред пречките застануваат и самоволно од патеката отстапуваат, им се заканува co страшна казна и судбина, велејќи

: „Кој има уши да слуша, нека чуе.”

Слушајте го ова, чеда, и внимавајте; трчајте брзо, храбро, внимателно, претпазливо, знаејќи, дека лукавите демони се трудат да ни стават пречки на патеката и да нѐ препнат.

Знајте, дека никој не може добро да трча, ако не се ослободи од сѐ што му пречи, задржувајќи го само штитот на верата.

Овде не мислам само на оставањето на секој надворешен имот, туку и ослободувањето од внатрешните разновидни помисли и земни состојби.

Во нашата состојба никој не може да има успех, ако не го научи своето тело да се задоволува co малку храна и пиење;

ако место co елеј не се омасти co тврдост и неуморна трпеливост;

ако не помине, како низ некој гимнастички курс, извесни подготвителни вежби пред примањето на схимата.

За време на овој натпревар никој не треба да им пречи на другите учесници во натпреварот, не смее да им завидува, ниту смее да ги клевети, туку треба само умот свој и очите да ги устремува на својата крајна цел,

да настојува да стигне до неа, правејќи сѐ нови и нови усилби, сѐ посилни стремежи и воодушевувања, без да гледа настрана, ни лево ни десно,

да не обрнува никакво внимание на пофалбите,

да не се повлекува по суетата на светот,

да не биде малодушен кога ќе се умори, кога ќе наиде на пречки и кога ќе почне да се препнува и да паѓа co духот, за да може на тој начин, откако ќе направи сѐ што се бара од него, смирено, братољубиво и искрено, по успешното завршување на натпреварот, да се удостои да ја добие ветената награда од нашиот Господ.

Пренесено од книгата “Добротољубие” Том IV
Свети Теодор Студит: Поученија за монаси

Претходна статијаДај ми деца или ќе умрам!
Следна статија– Еве, сега jа проценив вредноста на твојата жена!