
В
Настанот co Христовото крштение во реката Јордан од страна на Јован Претеча се нарекува Богојавление (Епифанија – Јавување).
Bo древната Црква, на истиот ден (6 јануари) заедно се празнувале празниците Христово Рождество и Богојавление.
Во четвртиот век празниците биле одделени, така што Христовото Раѓање било пренесено на 25 декември, на денот кога паганите ги празнувале богот на сонцето, а христијаните Го празнуваат Сонцето на правдата.
Исто така, се нарекува и „ден на Светлините”, како што го именува свети Григориј Богослов, поради Крштението, просветлението на огласените и поради јавувањето на светлината.
Зборот „Богојавление” произлегува од апостолскиот цитат „Бог се јави во плот, посведочен беше од духот, се покажа на ангелите,
беше проповедан на народите, светот My поверува, и се вознесе во слава” (1 Тим. 3, 16), и има повеќе врска co Раѓањето Христово.
Зборот „Епифанија” (јавување) произлегува од апостолскиот цитат „се јави Божјата благодат, спасителна за сите луѓе…” (Тит 2, 11) и се однесува повеќе на Крштението Христово, затоа што тогаш луѓето ја познаа благодатта на Божеството.
Bo секој случај, факт е дека на денот на Христовото Крштение, co јавувањето на Света Троица и co исповедањето на чесниот Претеча, го имаме офнцијалното исповедање дека Синот и Логосот Божји е „Еден од Троица”, Којшто се вочовечи за спасението на човечкиот род од гревот, ѓаволот и смртта.
Г
Личноста која одигра важна улога при крштението Христово е чесниот Претеча, Јован Крстителот. Се работи за една голема појава, за еден голем пророк, којшто се наоѓа на границата помеѓy Стариот и Новиот завет.
Тој е последниот од Пророците на Стариот завет и првиот од пророците на Новиот завет.
Начинот на неговото зачнување беше чудотворен, т.е. бидна co Божја интервенција, преку семето на татко му Захарија, a не од Духот Свет.
Неговото раѓање се поврзува co чудотворни собитија. Неговото пребивање од тригодишна возраст во пустината го покажува неговото ангелско живеење.
Проповедта за покајанието беше подготовка на народот за дочекувањето на Месијата. Неговото смирение е величествено. Но и начинот на неговото усовршување покажува дека достигнал до големите висини на благодатта.
Чесниот Претеча бил Христов роднина, бидејќи Неговата Мајка, Елисавета, била роднина co мајката на Спасителот (Богородица). Кога чесниот Претеча беше шестмесечен ембрион во утробата на својата мајка, тогаш се случи Благовештението на Богородица, од што разбираме дека Јован Крстител бил шест месеци постар од Христа.
Јован Претеча Го прими Светиот Дух, Кој го покажа како пророк, додека беше во утробата на својата мајка, шестмесечен ембрион. Затоа што, кога Богородица, која само што зачна co силата на Светиот Дух, ја поздрави неговата мајка, Елисавета, тогаш „заигра
младенецот во утробата” (Лк. 1, 41).
Така стана пророк и ѝ го пренесе својот пророчки дар на својата мајка, бидејќи и таа на тој начин ја позна мајката Господова (свети Григориј Палама).
Многу се називите што му се дадени на Јован Претеча. Зборот Јован значи дар Божји.
Претеча значи тој што му претходи на патот, т.е. предвесникот на Месијата.
Се нарекува Крстител затоа што Го крсти Христа. Свети Козма Мајумски во канонот на Богојавление го именува co три изрази: глас на Логосот, светилник на Светлината, зороносец на Сонцето. Синот и Логосот Божји е воипостасниот Логос на Отецот, Јован е глас на Логосот.
Христос како Бог е беспочетната и нетварна светлина, Претечата е светилникот. Христос е Сонцето на правдата, блескавото Сонце на Божеството, а Јован е зороносецот, т.е. зората што го предвестува изгревањето на сонцето. Така, сите имиња, епитети и фрази се поврзуваат co неговото основно дело, да предвести за доаѓањето на Месијата.
Д
Зборот крштение (vaptisma), како што толкува свети Никодим Агиорит, што значи потопување, е глаголска именка која произлегува од глаголот vaptо – потопувам.
Од овој глагол произлегува vaptízo и од таму vaptisma – крштение. Така, значи, крштението се поврзува co вода.
Светите отци учат дека постојат повеќе видови крштение. Свети Григориј Богослов учи дека постојат пет видови.
Првото крштение е Мојсеевото, кое има привремено очистување. Второто е на Претечата, кој го крштеваше народот co покајното крштение.
Третото е Христовото крштение, co кое се крштеваат луѓето и стануваат христијани и кое се врши co дејството на Светиот Дух.
Четвртото е тоа на мачеништвото и на крвта.
Петтото крштение е на покајанието и на солзите.
Свети Јован Дамаскин, откако зборува за овие видови крштение, додава и други. Зборува за осум видови.
Прво на потопот и на отсекувањето на гревот. Второ, на морето и на облакот, кога Израилците минаа низ Црвеното Море и беа покриени од облакот. Т
рето беше законското, што го востанови Мојсеевиот закон и се поврзува
co телесната чистота.
Четврто е тоа што го вршеше Јован Претеча и кое беше воведно, бидејќи ги водеше крстените во покајание.
Значи, не простуваше гревови co крштението, туку предочистуваше, што значи му помагаше на народот да ја почувствува својата гревовност и да го очекува совршеното крштение Христово.
Петто, е крштението Христово, кога влезе во Јордан.
Тоа има посебност затоа што Христос немаше ниеден грев и не се исповеда. Шесто, совршеното крштение Господово, кое се врши во Црквата co вода и Дух.
Седмо е крштението во крвта и мачеништвото што за нас го прими Христос.
Значи, се работи за страдањето и крстот Христови и за мачеништвото на светителите коишто учествуваат во Христовото страдање.
И осмото крштение е последното, кое не се нарекува спасително, затоа што бесконечно го казнува и анулира гревот. Се работи за пеколниот оган.
Свети Јован Златоуст ја прави разликата помеѓу јудејското крштение и христијанското.
Јудејското не очистуваше од душевни гревови, туку ја очистуваше само нечистотијата на телото.
Црковното крштение е неспоредливо повозвишено, затоа што го ослободува човекот од гревовите, ја очистува душата и Го дава Светиот Дух.
Помеѓу овие две крштенија е крштението што го вршеше Чесниот Претеча, што беше мост помеѓу јудејското и христијанското. Јовановото крштение беше повозвишено од јудејското, затоа што се однесуваше на Христа, но пониско од нашето, христијанското.
Ѓ
Ако Јовановото крштение ги водеше луѓето кон чувство за сопствените гревови и го подготвуваше народот за да го прими посовршеното крштение Христово, а Христос беше совршен Бог и совршен човек и немаше направено ниеден грев, тогаш зошто Он се крсти? Одговорот на ова прашање ни објавува големи вистини.
Свети Јован Дамаскин вели дека Христос не се крсти затоа што имаше потреба од очистување, „туку усвојувајќи го нашето очистување”.
Како што Христос пострада и беше распнат за човекот и ја почувствува сета болка и скрб, така го усвои и нашето очистување. Ha тој начин постигна многу нешта.
Следствено на ова, според свети Јован Дамаскин, Христос
се крсти за да ги уништи главите на демоните во водата, бидејќи постоело сфаќање дека демоните живеат во водата;
за да го измие гревот и да го погреба целокупниот стар Адам во водата; за да го освети Крстителот, затоа што не го освети Претечата Христа, Христос го освети Претечата, кога последниов ја стави својата рака врз Хрисговата глава;
за да го исполни Законот, затоа што Он Самиот ro даде и не требаше да испадне негов престапник;
за да ја открие тајната на Света Троица, бидејќи во тој час имаме јавување на Света Троица;
за да стане образец на нашето крштение, коешто е совршено крштение и се врши co вода и Дух Свети.