…Веднаш, штом отец Јосиф доживеал откровение преку пророчкото видение, преку борбата во првите редови и веднаш после cмрттa на старецот Ефрем, во скитот на свети Василиј, систематски започнало исполнувањето на непрекинатата активност и борбата co искушенијата.

Затоа што во живот го спровеле подвижничкото и безмолвничко правило, токму затоа започнале телесните (плотски) битки.

Според мислењето на Светите Отци, тоа е првата од страстите, co која се стапува во битка.

Како вроден и природен нагон, законот на биолошкото репродуцирање непрестајно го покажува своето влијание, што особено се чувствува во зрелата возраст и во постоењето на причина, која ги поттикнува.

Тој закон посебно го вознемирува човекот, доколку по природа тој има огнен карактер.

Поттикнувањето на овој нагон понекогаш го активираат и климатските услови, и што е уште почесто, и начинот на исхраната.

Кога причините и исполнувањето на тој закон не ги поминува природните граници, тогаш разумот лесно се потчинува на својата волја и моралниот закон е тој што ja однесува победата.

Меѓутоа, доколку тука се вмеша и натприродното и насилното влијание на сатаната, тогаш работите тргнуваат по друг тек и започнува суровата и нерамноправна борба, а ние на ова место, ќе говориме токму за неа.

Како што веќе е кажано, старецотЈосиф бил строго воспитан и ниеднаш не се препуштил на таков морален пад, кој би го одвел во областа на таквото искуство.

Тој воопшто не ги познавал телесните возбудувања и според уверувањата на неговите роднини, бил најчист девственик. Тоа сум го слушнал и од него самиот.

Единствено, во светоотечките текстови можеме да прочитаме дека тежнеењето кон телесното соединување се пројавува во свеста, која е чиста од сите претпоставувања од таков вид, на место, каде што во целост отсусутвуваат лица или предмети, кои би ја предизвикале, во услови на најстрого и речиси невозможно воздржание, и тоа во човек, кој е продлабочен во одрекувањето дури и од најприродните потреби.

Телесната битка! Битката co блудот!

Тоа се сретнува на почетните степени на дејствителната побожност и обично ги вознемирува младите и неопитни монаси. Старецот Јосиф решително стапил во битката, спротивставувајќи ѝ се co огнена ревност, жар на подвижничка слободна волја, опит на Божествената помош и светост на средина каква што е Атос, сосема оправдано наречен “свет”, во
опкружувањето на своите ученици.

Кога силата на оваа битка го достигнала својот максимум, на сцената стапиле и останатите практични и технички методи: продолжено бдеење, зголемена жед, подолго стоење на нозете и особено, „превентивното дрво”, како што блаженоупокоениот старец го нарекуваше стапот co кој се удирал.

Имајќи предвид дека врз монасите и безбрачните не може да се примени истиот принцип на должност и дека целта на блудните страсти во нивниот случај може да биде единствено наслада и исклучиво тоа, тогаш разбирливо е дека таа страст треба да ја казнуваме co она што е спротивно на неа, односно, co болката и старадањето, зашто како што вели изреката,

„клинот co клин се избива”.

Неговото прифаќање на „првата борбена линија”, демонскиот гнев и наградата која Бог му ја приготвил, ја одредувале и напрегнатоста и долготрајноста на оваа битка.

„Бев сосема свесен дека ова беше војна”, ни говореше нам старецот, „и затоа упорно се борев. Кога после изнемоштеноста, ќе дојдев во безизлезна ситуација, благодатта ќе ми дадеше сила и сето ова ќе започнеше од почеток.

Со тек на времето, битката стануваше се посурова и речиси непрестајна”.

Старецот се одрекол од постелата, доколку може така да се каже, бидејќи во таа половина од својот живот имал постела, па си направил за себе една дрвена столица, слична на фотелја, co места за ставање на рацете.

На неа седел и спиел цели осум години, сѐ додека траела таа битка и период, а не се свртувал ниту лево, ниту десно.

„Имајќи предвид дека борбата не престануваше, така ниту jac во своето спротивставување, не престанував co умртвување на плотта, а посебно co бдеењето и удирањето на самиот себе.

Плачев, воздивнував, ja преколнував нашата Владичица Богородица, Која често ме тешеше, но не се гледаше никакво решение.

Битката накратко ќе ослабнеше, токму толку, за да воздивнам, а потоа стануваше уште понапорна.

Во тоа време, моето тело започна да копнее и фактот дека моето оружје почна да слабее, во мене ја подриваше мојата сила. Смирение наоѓав во молитвата, која ми беше единствената утеха”.

Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст” (извадок)

Претходна статијаМојот ум беше „вознесен” – Старец Јосиф Исихаст
Следна статијаСветилникот Ракотински Јоаникиј (не) беше оставен и заборавен!