“Bo тој период на тешка борба”, продолжи старецот,

„една летна ноќ, се затекнавме во својот омилен кpaj, помеѓу скитот на свети Василиј и Криа Нера.

Чувствував голема тешкотија, а благодатта не ми праќаше утеха.

He знаејќи што уште можам да направам, за да си дојдам на себе, одлучив да го посетам духовникот и полека се упатив кон него.

Немав сила и секој момент застанував и My ce исповедав на Оној, Кој ги ‘испитува срцата и душите’ (Псалм 7, 9):

‘Преблаг Владико, Ти си секаде присутен и сето ова го гледаш. Што бараш од своето голо и немоќно создание? Ти ја знаеш мојата намера и што уште можам да направам? Co Твојата помош нема да се повлечам.

Се повикувам на Твојата милост и се надевам дека Ти нема да ме напуштиш.

Од каде ваквото насилство? Ќе ја скрши ли тоа мојата волја?

He ме напуштај Боже, Спасителу мој, единствена надеж на оние, кои Тебе те бараат!’

Кога се подготвував да го продолжам патот, ми се пристори како пред себе да слушнав пеење од птици.

Истиот момент почувствував како моето расположение се менува.

Исчезна претходната неподнослива тешкотија, која ме гушеше и ги почувствував вообичаените знаци на утеха.

Во мене започна да расте благодатта, почувствував како ми доаѓа силата и мојот ум, како и вообичаено, беше во состојба да My ce обрати co благодарење и славословие, зашто на тоа го поттикнуваше благодатта.

Сакам да кажам дека тоа се случува, кога таа (благодатта) ќе остане само на тоа ниво. Меѓутоа, доколку започне да се зголемува, тогаш и умот и чувствата ги прекинуваат своите дејства и им преостанува единствено созерцанието, кое господари над сите останати.

Сосема неочекувано и пo вторпат слушнав пеење, неспоредливо помило од она првото. Ми се чинеше дека го слушам непосредно пред себе, на сосема мало растојание.

Моите чувства сѐ уште дејствуваа и помислив дека, доколку малку тргнам напред, ќе видам за што се работи. И навистина, веќе зачекорив и бев подготвен да одам.

Повторно се слушна тој таинствен глас и во тој момент моите чувства се смирија. Мојот ум беше „вознесен” и ми се пристори дека сум надвор од телото, во некоја бесконечна светлина, која немаше ниту граница ниту мера.

Пред да се случи ова, ми се пристори дека успеав да се потпрам на нешто, кое беше недалеку од патеката, пo која веќе чекорев.

После тоа, како што кажува светиот апостол Павле, ‘во тело ли – не знам, без тело ли – не знам, Бог знае’ (2 Кор. 12, 2), ми изгледаше дека се движам по некоја воздигната падина.

Одредувањата кои ги користам се однесуваат на нашите мерки, категории и елементи, иако таму каде што човекот достигнува, во тие натприродни состојби, не постои ништо што макар и во најмала мера ќе може да се спореди co нештата од овој свет”.

(Побаравме старецот поопширно да ни го протолкува она, што таму го видел и еве што ни одговори)

„Ми се чинеше дека моето искачување води кон некоја огромна планина и јас појдов кон нејзиниот врв, зашто нешто ми говореше дека морам да го достигнам.

Моето движење беше токму по оној сладок и милозвучен птичји глас, што непрестајно го слушав пред себе и кој ме повикуваше да го следам.

Воопшто не се заморував, не ја чувствував тежината на своето тело, а моите движења не беа согласни co времето. He ни забележив дека веке стигнав на врвот, каде следуваше ново, уште поизненадувачко
видение – видение на Божјата големина!

Пред мене се распространи една голема и непрегледна рамнина, која никаде немаше ниту крај и која ме потсети на море. Светлината стана неспоредливо поблескава, зашто тогаш се наоѓав надвор од себе.

Иако не бев свесен за тоа, ми изгледаше како да почнав да се движам кон исток. Me раководеше желбата да дознаам што значи сето тоа и што се наоѓа во длабочината на рамнината до која, според моето убедување, морав да дојдам, зашто оној птичји глас доаѓаше токму оттаму.

Се движев толку брзо, што ниту самиот не знаев за колку време го поминав тоа огромно пространство и кога дојдов до неговиот долен дел, каде што се наоѓаа ѕидините на еден огромен град.

Кога се приближив до овие ѕидини, одеднаш се најдов пред едни големи врати, од чија убавина бев толку восхитен, што си помислив:

‘Koj e тој човек, што можел да направи вакво здание?

Наоколу, не можеа да се слушнат никакви звуци, зашто владееше бесконечна тишина и Божествено спокојство, кое беше нарушено единствено од оној мелодичен птичји звук, кој како да се слушаше од позадината на тие ѕидини.

Стоев така некое време, восхитувајќи се на убавината и устројството на тие натприродни работи, но мечтаев за да го видам она, што се наоѓаше внатре, како и тоа, да дознаам, што означува таа Божествена птица, која толку слатко пееше. He гледајќи никој, кого би можел да го прашам или од кого би можел да побарам дозвола за да влезам, само се прекрстив и влегов низ тие големи врати.

‘Колку се чудни делата Твои, Господи на Силите!

Велик си Боже и чудни се Твоите дела и ниеден збор не е достоен, за да ги воспее Твоите чудеса!’

Штом влегов, пред моите очи излезе целата тамошна големина и слава. Застанав и останав целиот така неподвижен, не можејќи за ништо друго да размислувам.

Единственото нешто, кое можев да го направам беше да се чудам на таа Божествена слава. Одненадеж, се сетив дека ова е Божјиот град. Кога погледав долу, погледот ми остана закован за тоа велелепно дело, кое човечкиот ум не може ниту да го замисли.

Таму се наоѓаше толку неискажлива слава, што не бев во состојба да го одвојам погледот од неа и само некое брзо движење можеше да ме ослободи и да ме примора да обрнам внимание и на нешто друго.

Ѕидовите, кои го опколуваа тој
осветен град беа таинствени, како по својата изработка, така и по својата безгранична висина, па колку повеќе го подигав мојот поглед за да ги видам, толку повеќе тие растеа. Меѓутоа, врв на моето чудење беше моментот кога ја здогледав онаа прекрасна птица co ангелски глас.

Bo средиштето на тоа таинствено место, каде што се наоѓаше храмот или градот – тоа го знае единствено Бог, Кој сѐ создал – лебдеше нешто слично на металните византиски канделабри (лустери-полилеи), какви што имав веќе видено во светогорските католикони.

Меѓутоа, овој полилеј не беше направен од метал или од некоја друга жива материја, туку од мноштво распеани птици co неискажлива убавина, co разновидни бои и облици.

Изгледаше како тие да пеат во еден глас, кој звучеше како една мелодија, како химна, која мене ми беше неразбирлива, но толку милозвучна, што целото мое битие се исполни co Божјата благодат.

Во самата средина на нивниот хор се наоѓаше една величествена птица, која ја слушав уште од самиот почеток и таа co изедначен глас, како хороводителка, ѝ даваше ритам на оваа чудна мелодија.

Колку долго траеше моето престојување на ова место знае единствено Бог, Утешителот на оние, кои ја познаваат Неговата добрина. Чудејќи се на оваа Божја големина, слушнав како ми се доближуваат некои чекори, кои поминаа низ онаа врата, низ која и јас поминав.

Помислив дека ќе сретнам некој што ќе ми ја објасни смислата на сето ова што го видов. Поради тоа, се вратив назад и излегов, но никого не видов. Ми се чинеше како да се движам кон север и дека повторно се спуштам долу, од каде што дојдов, но дека не се враќам пo истиот пат.

И таму, исто така, видов прекрасни работи, зашто пред мене се наоѓаа полиња co маслинки и населени места, но сето ова беше натприродно.

Кога се приближив на она место, од каде што започна моето искачување на оваа чудесна гора, видов, дека во нејзиното подножје се распростира непрегледна долина co силно зелена боја. Беше исполнета co дечиња, некои постари, некои помлади, кои ревносно си играа. Се насладував на ова видение и уживав во нивното друштво, како и во нивното однесување и нивната радост.

Потоа, повторно се свртев во оној правец, на каде што ме водеше патот. Дојдов, како што ми се пристори, до влезот во она место, каде

што растеа високи дрвја co многу густи крошни.

Кога навистина се приближив до влезот, кој претставуваше творба на Божествената убавина, здогледав еден старец co величенствен изглед и истовремено co блага и преисполнета љубов.

Беше бескрајно спокоен и седеше на некаков престол.

My пријдов co големо почитување и направив метанија. Ми ја пружи раката и се насмевна, изразувајќи ја својата голема татковска љубов.

Мислев дека во раката ми стави три парчиња леб, мали како антидор (нафора). Цврсто ги стегнав во раката и се свртев co намера да си одам и во тој момент си дојдов на себе.

Забележив дека стојам потпрен на еден камен, на она исто место на кое се наоѓав во моментот кога го слушнав пеењето, на патеката која ме водеше до мојот духовник.

Преисполнет со духовна радост и зачуден од толку големата Божја добрина co која ме удостои Неговото милосрдие, се вратив назад.

Се упатив кон отец Арсениј, повторувајќи ги зборовите на големиот учител, апостолот Павле:

‘Мислам дека страдањата на сегашново време не се ништо, во споредба co славата, која нам ќе ни биде откриена (Рим. 8, 18), зашто навистина окото не виде и увото не слушна и во срцето на човекот нема да дојде она, што Бог го подготвува за оние што Го љубат’ (1 Кор. 2, 9).

Кога си дојдов на себе и понатаму ја стегав својата рака.

Присетувајќи се поради што ја стегам, ги раширив своите прсти, но не ги најдов оние парчиња леб. Судејќи според сево ова, тие биле продуховени, зашто мојата душа беше исполнета co безгранична веселба и радост, така што следните дваесети четири часа не чувствував никаква телесна потреба.

Изливав солзи радосници и My благодарев на Бога за Неговото толку големо снисходење кон смирениот човек”.

Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”

Претходна статијаВелики Петок – денес човекот Го суди Бога! Архимандрит Јустин (Поповиќ)
Следна статијаТелесната битка! Битката co блудот! Старец Јосиф Исихаст