НЕДЕЛА ДВАЕСЕТ И СЕДМА

Евангелие за згрбавеното тело и згрбавените души

Лука 13, 10-17; Зач. 71

Господ Исус Христос ја посети земјата во сила и смирение, за да ги научи лугето на богољубие и човекољубие.

Луѓето се слаби самите пo себе; богољубието им дава сила.

Луѓето се горди самите пo себе; човекољубието ги исполнува co смирение.

Од богољубието доаѓа и човекољубие.

Од чувството на божествената сила доаѓа смирение.

Секое човекољубие без богољубие е лажно; и секоја друга сила освен божествената е горделива и немоќна.

Ho човекот избрал нешто трето, што не е ниту богољубие ниту човекољубие;

избрал самољубие – ѕид што го одделува од Бога и од луѓето, и потполно го осамува.

Љубејќи се само себеси, човекот не го љуби ниту Бога ниту ближниот.

Тој дури не го љуби човекот во самиот себе; тој го љуби само своето мислење за себе, својата самоизмама.

Кога тој би го љубел човекот во себе, истовремено би ја љубел и сликата Божја во себе и набргу би станал богољубив и човекољубив.

Бидејќи и во другите луѓе би ги барал човека и Бога, предметите на својата љубов.

Ho самољубието воопшто не е љубов, туку одрекување од Бога и презирање на луѓето, сеедно дали јавно или притаено.

Самољубието не е љубов, туку болест, и тоа тешка болест, која задолжително повлекува co себе и други болести.

Како сипаницата што предизвикува температура во целото тело, така и самољубието произведува оган на зависта и гневот во целата душа.

Самољубивиот човек е исполнет co завист спрема оние што се подобри од него, или побогати, или поучени, или

попочитувани меѓу луѓето. A co зависта заедно оди гнев, како пламен co оган; потаено лутење, кое понекогаш избива и избивајќи ја објавува сета грдост на болното срце на човекот, затруено co отровот на самољубието.

Денешното евангелие изнесува јасна слика на возвишеното Христово човекољубие, од една страна, и најлошото фарисејско самољубие co завист и гнев, од друга страна.

„Bo една од синагогите поучуваше Он во сабота. И ете, дојде една жена која беше опседната од дух на немоќта осумнаесет години; таа беше згрбавена и никако не можеше да се исправи”.

Саботниот ден за Евреите бил ден на заедничка молитва, како што за нас христијаните е неделниот ден. Иако Господ Исус Христос честопати одел во пустината сам и таму поминувал цели ноќи на молитва,

Тој не ги одбегнувал ниту заедничките молитви во синагогите co народот.

„И по обичајот Свој, влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита” (Лука 4,16), вели евангелистот за Heгo.

Toj, значи, имал обичај да влегува во домот за молитва, и не ги одбегнувал сенародните молитви.

Иако тоа лично не му било потребно, Тој тоа го правеше поради смиреноста и за наша поука.

Денес од многумина можете да слушнете: јас се молам дома и не ми е потребно да одам во црква на молитва! Така вели неразумот и гордоста.

А примерот Христов јасно ни покажува дека треба да го правиме и едното и другото: и тајна молитва (Христос во пустината) и јавна во црквата co другите браќа (Христос во синагогата).

Господ не одеше во храмот само да се моли, туку и да поучува.

Многупати го толкуваше Светото Писмо, многу возвишени поуки им даде на луѓето, многу слатки зборови кажа, коишто не се запишани во евангелието. „..и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова” (Лука 4, 22).

Многу и премногу од тие животодавни зборови на благодат не дојде до нас, но сепак дојде толку колку што ни е доволно за вразумување и спасение.

Господ Исус Христос одеше во црква и за да им помогне на луѓето co своите моќни дела и така да го посведочи своето божество и своето спасителство. За такво моќно дело станува збор во денешното евангелие.

 

Bo синагогата дошла една грбава жена, погрбавена од злиот дух, и тоа не од пред една недела или месец или година, туку од пред полни осумнаесет години.

И никако не можеше да се исправи.

Оваа несреќница, наведната co главата кон своите колена, не можела да го види ниту ѕвезденото небо горе, ниту ликовите на луѓето околу себе.

Така злиот дух се погрижи да ги осакати потомците на Адам и Ева, заведувајќи ги co лажни ветувања дека ќе бидат како богови ако него го послушаат!

Наместо да станат богови, прародителите на луѓето наеднаш се најдоа облечени во кожа од ѕверови и во прав, а оваа нивна потомка била толку деформисана, што од неа луѓето ги лазеле морници и страв ги фаќал животните.

Тоа е таа боговска чест што ѓаволот им ја вети на луѓето!

„И никако не можеше да се исправи”.

Осумнаесет години не можеше да се исправи, се влечеше по земјата сета искривена, co главата до колена.

Зар тоа е живот?

Тоа не е живот, туку осуда. Болеста на жената беше многу страшна и долготрајна, така што тие што прв пат ja гледаа се оддалечуваа од неа, а тие што долго ja знаеја, помислуваа на неа како на некое суво искривено дрво, кое не е за ништо.

Таа тврдост на луѓето кон сакатите не е ништо помалку осакатувачка од физичката сакатост.

Еве го Човекољубецот, кој co внимание и сожалување погледнува на ова бедно човечко создание, кое за него не е искривено дрво, туку ќерка на Авраам, душа создадена од Бога и достојна на Божјата милост.

„Штом ја виде Исус, ја повика и ѝ рече:

Жено, се ослободуваш од болеста своја. И ги стави рацете Свои врз неа; и таа веднаш стана и Го славеше Бога”.

Ова возвишено чудо Господ го стори не по молба на жената, ниту пак поради нејзината вера, туку од својата сопствена побуда и моќ.

Зар не е ова јасен доказ дека не се во право тие кои би сакале да ја намалат божественостa на чудата Христови, зборувајќи дека тие чуда биле овозможени co автосугестиија на оние врз кои се извршени.

Има ли трага од некаква гатачка аутосугестија кај оваа грбава жена?

Таа не можела ни да го види лицето на Христа поради грбавоста!

Taa не го молеше Христа за милост, ниту пак co некаков знак ја изразила својата вера во Heгo.

He само тоа, таа жена не

била ниту блиску до Христа ниту пак прва му пристапи, туку Тој ja повика.

Како пастир кога ќе здогледа некоја од овците заплеткана во трње, полумртва и безгласна, па тој прв ѝ се јавува!

Така и жалосниот Господ, добриот Пастир, прв ѝ се јави на оваа овца, заврзана од сатаната.

Тој прв ѝ се обрати: „Жено”! He ja нарекува несреќница, ниту на кој било друг начин ја нагласува нејзината сакатост, туку жена.

Co самиот тој збор Господ Исус Христос ѝ го враќа изгубеното достоинство на жената.

Потоа ја избавува од болеста, а на крајот ги полага своите пречисти раце врз неа.

Така направо, за дарот на небесниот дарител да биде совршен.

Најпрво сожалив поглед, потоа моќен збор, а на крајот рака што милува.

Ѝ го даде сето тоа од што жената била лишена полни осумнаесет години.

Ако некој од луѓето некогаш и се сожалил на неа, тоа сожалување честопати било помешано co страв за себе и co сопствената гордост; ако некој некогаш ѝ се обратил, тоа тој го направил од нужда и веднаш се оддалечил;

ако некој поради нужда се допрел до неа, тој ja допирал co врвовите од прстите, брзајќи што поскоро да ги измие своите раце.

А Господ ја повикува при себе, ѝ кажува исцелителни зборови и ги полага врз неа своите лековити раце.

Се однесува спрема оваа непозната жена како татко спрема својата ќерка.

Кога олкава милост би била упатена на целата земја или на силното сонце, земјата сигурно би се потресла, а сонцето би заплакало.

Ho оваа милост беше упатена на една искривена жена, која веднаш стана.

Како се исправи тој искривен ‘рбет и не се скрши?

Како се раздвижи тој неподвижен врат, а да не е болно?

Требале милиони години да поминат за ‘рбетот на мајмунот да се исправи и тој да стане човек велат немите умови на нашето време.

Така зборуваат, оти не ја познаваат силата и моќта на живиот Бог….

Пренесено од книгата “Омилии” Недела дваесет и седма (Извадок)

Претходна статијаГИ ПОЧИТУВАВ ЛИ РОДИТЕЛИТЕ ЗА ДА ПОЖИВЕАМ ДОЛГО НА ЗЕМЈАТА…?
Следна статијаПочувствувај го постот како празник за душата!