„Ете, приготвив јадење.”

Сѐ што e потребно за храна и веселба на душите, подготвено е. Вистината e храна на душата; вистината целосно била откриена како пребогата царска трпеза.

Победата над злите духови, победата над болестите и грижите, победата над природата, сите тие победи, кои ja хранат и ja веселат човечката очаена душа, придобиени се – значи, дојдете!

Порано небото изгледало како co олово затворено за луѓето и човечките души беа како жални невести затворени во студени зандани. Сега небото e ширум отворено.

Самиот Бог се јавил на земјата, ангелите слегуваа на земјата, мртвите се покажуваа како живи, достоинството на човекот воздигнато e до Бога!

О да, слатки јадења! 0 да, раскошна трпеза – дојдете!

Но, наместо да се одзват на свадбената покана, заслепените души од темни зандани извршија преужасен злостор убивајќи го својот Спасител, својот Младоженец. Ho дури ни co тоа Божјото трпение не e исцрпено.

Најголемиот злостор Бог го обратил во најдлабок кладенец на сладост и радост. Телото и крвта на распнатиот Господ изнесени се на царска трпеза, неспоредливо послатко од гоените телиња и јунци.

Дојдете и причестете се co сладоста на која и ангелите можат да ви завидат!

Благодатните струи на Светиот Дух, семоќниот и животворен Дух, широко се отворени. Сѐ е  подготвено – сѐ! Сѐ што e потребно извалканата невеста да се очисти, и гладната да се нахрани, и ранетата да се исцели, и соблечена да се облече, и пијаната да се отрезни, и мртвата да оживее.

Тука e крштавањето co вода, тука e крштавањето co огнот и духот, тука e олеснувањето co постот, тука e закрилувањето co молитва, тука e елејот, тука се лебот и виното, тука e царското свештенство за раководство, тука e Црквата на светоста и љубовта.

Сите тие дарови и’ ги донел Младоженецот на својата невеста и сите ги поставил на царската трпеза.

Значи, дојдете! Дојдете на свадба!

„Ho тие не сакаа да знаат, за тоа, a cи отидоа: кој на нива, кој пo трговија; a некои, пак, ги фатија Неговите слуги, ги исмеаја и ги yбија.”

Залудно e закоравената блудница да ја повикуваш во законски брак! Ha таа не и’ e гајле за нејзин законски вереник. Таа премногу навикнала на своите идоли, за да може да се оттргне од нив.

На едни блудни души идолот им e полето, на други трговијата, на трети нешто трето. Полето го означува телото co телесните страсти, a трговијата го означува среброљубието, добивката и богатењето co распадливите работи од овој свет.

Значи, секој отиде кон својот идол, a за вереникот никој не сакаше да слушне. A другите се расрдија и за самата покана, та ги фатија царските слуги, ги исмеаја и ги убија. Така веднаш пo Голгота ги исмејуваа и ги мачеа апостолите Петар и Јован (Дела 4, 2-3), a потоа го убија архиѓакон Стефан и апостол Јаков, а потоа и многу други.
….

….. Раскрсниците го означуваат незнабожечкиот свет, каде што се вкрстуваат патиштата на доброто и злото, ридишта и долини, грмишта и камењари, каде што Божјото семе било подложено на секакви опасности.

Тој широк и многуброен свет Бог го гледал co еднаква татковска грижа, како што го гледал и Израилот, и промислувал за него, само на друг начин. Оти, додека израилскиот народ го раководел co откровенијата, пророците и знаците, другите народи ги раководел, давајќи им внатрешна сила на совеста и разумот.

И во народот израилски мнозина се спасени, имено оние кои беа верни и послушни, a мнозина се спасени и меѓу незнабожечките народи – имено оние кои беа совесни и разумни.

A сега, кога дошол Синот Божји на земјата и бил отфрлен од првиот народ, Бог нашироко отворил еден и еднаков пристап кон себе за сите и за секого.

„И како излегоа слугите на раскрсниците, ги собраа сите што ги најдоа – и лоши u добри; и се наполни свадбениот дом co гости.”

Тоа e Божјата Црква на земјата. Тоа e новиот сојуз на Бога co луѓето, во името на неговиот Син, Господ Исус Христос.

Пренесено од книгата “Омилии” (Подготви М. Д.)

Свето евангелие според светиот апостол Лука

14:16-24

16. А Он му одговори: „Еден човек приготви голема вечера и покани мнозина;

17. и кога беше време за вечера, го прати слугата свој да им каже на поканетите: »Дојдете, оти сè е готово!«

18. И почнаа сите, како договорени, да откажуваат; првиот му рече: »Купив нива и ќе треба да одам да ја видам; те молам, извини ме!«

19. Вториот рече: »Купив пет чифта волови и одам да ги пробам; те молам – извини ме!«

20. Третиот рече: »Се оженив и затоа не можам да дојдам«

21. Кога се врати слугата, му го кажа тоа на својот господар. Тогаш се расрди домаќинот на куќата и му рече на својот слуга: »Отиди бргу по раскрсниците и улиците градски и доведи ги тука бедните, слабите, хромите и слепите!«

22. И рече слугата: »Господаре, направив како што ми заповеда и уште има место.«

23. И му рече господарот на слугата: »Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом!«

24. Зашто, ви велам: никој од поканетите нема да вкуси од вечерата Моја. Оти мнозина се поканети, но малкумина се избрани.”

С.Т.

Претходна статијаСвети Никола – Радувај се, гордост на Христијанскиот род !
Следна статијаГИ ПОЧИТУВАВ ЛИ РОДИТЕЛИТЕ ЗА ДА ПОЖИВЕАМ ДОЛГО НА ЗЕМЈАТА…?