Патријарх Цариградски.

Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса.

Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина.

Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители.

По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува.

Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање.

Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји:

истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован.

А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски.

Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност.

Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти;

ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците;

ја изобличи царицата Евдоксија;

Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата, остави многу драгоцени книги со неговите беседи.

Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство.

Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија.

Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест.

„Слава Му на Бога за се’ !“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот.

Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Тропар

Благодатта на твојата уста блесна како светлината на огнот и ја просвети вселената, и светот го научи богатството да не го бара во среброљубието, а ни ја покажа и возвишеноста на смирението. Но, учејќи н? со твоите зборови, оче Јоване Златоусти, моли Го Словото – Христа Бога, да ги спаси душите наши.

Кондак

Јоване Златоусти, од небесата си ја примил божествената благодат, и со твоите усни ги учиш сите да се поклонуваат на едниот Бог во Троица; блажен и преподобен, достојно Те славиме, како наставник на божествени работи.

Претходна статијаЖитието на великиот Свети Јован Златоуст!
Следна статијаВОВЕДЕНИЕ ВО ХРАМ НА ПРЕСВЕТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА …(утрена)