ПОЧИТУВАЈ ГО ТАТКОТО СВОЈ И МАЈКАТА СВОЈА ЗА ДОБРО ДА ТИ БИДЕ И ДОЛГО ДА ПОЖИВЕЕШ НА ЗЕМЈАТА. – ПЕТТА ЗАПОВЕД
За петтата заповед
550. Што нѐ учи Светото писмо за начинот на кој треба да се однесуваме кон родителите?
Петата заповед пропишува особени должности за нашиот однос кон родителите, имено, таа нѐ учи да ги почитуваме на следниов начин:
1) co почит да разговараме co нив;
2) да им се покоруваме;
3) да ги чуваме и да им даваме помош и спокој во време на болест и во староста;
4) пo нивната смрт, како и за време на нивниот живот, да се молиме за спасение на нивните души и верно да ги исполнуваме нивните завештанија, кои не му противречат на Божјиот и граѓански закон (2 Мак. 12, 43-44; Ере. 35, 18-19; преп. Јован Дамаскин, Слово за починатите).
551. Колку е тежок гревот за непочитување на нашите родители?
Колку што е природно да ги љубиме и да ги почитуваме родителите на кои им ги должиме нашите животи, во таа мера е тежок гревот на нивното непочитување.
Затоа, во Мојсеевиот закон за злословие во однос кон таткото или кон мајката се заповеда смртна казна (Исх. 21, 16).