СВЕТИ ЈУСТИН НОВИ (ЌЕЛИСКИ)
СОБРАНИ БЕСЕДИ
ПРАЗНИЧНИ БЕСЕДИ – ТОМ 1
Беседа 2 . за Раѓањето на Пресвета Богородица
1966. година, во манастирот – Ќелии
+++
Денес е голем Празник, Сепразник , мал Божиќ , зашто денес се родила Пресветата Богомајка, Која што нам Господа и Бога Христа ни Го родила.
Отука , преполн е радост овој Празник.
Во безбројните денешни молитви и песнословија непрекинато се нагласува дека денес, со раѓањето на Пресвета Дева Марија се` и насекаде се исполнува со радост.
Се` и насекаде, зашто Таа – Бога ни го родила. А што е поголемо од тоа на оваа земја.
Денес е мало Воскресение ,
зашто Пресветата Богомајка Господа Христа, во Тело ни Го роди.
Тело со кое што Воскреснатиот од мртвите, смртта ја победи и се` и насекаде се исполни со бескрајна радост.
Бидејќи што е порадосно за нас луѓето, освен смртта да биде победена, смртта да биде уништена, Животот Вечен да ни биде обезбеден?
А тоа го направи Пресветата Богомајка , раѓајќи го во тело Господа Исуса Христа , Тело на кое што Господ му даде воскресна сила, му даде бесмртност и Живот Вечен.
Денес е и малиот Спасовден ,
зашто се родила Онаа , која Тело Му даде на Господа Христа , Тело , кое што воскресна од мртвите и се вознесе на на Небото и седна над сите Херувими и Серафими .
Каква чест за човечкото тело и каква радост за нас луѓето !
А се` тоа е по чудесната заслуга на Пресветата Богомајка , Која што се родила на денот денешен!
Денес е исто така мал Духовден ,
зашто се родила Онаа , која што нам ни го даде Синот Божји , Господ наш Христос , Богочовекот, Спасителот на светот Кој на Спасението, се вознесе на Небо, ни го ипрати Духот Свет и ја основа Црквата на земјата па така да се рече, на телото на Богомајката и даде душа небесна .
Затоа денешниот Празник е навистина празник на преголема и неискажлива радост.
Се` од Неа е, од Пресветата Богомајка;
се` што Господ Исус Христос направил во овој свет, од Неа е!
Таа му ја дала таа човечка природа ,
Таа му ја дала душата наша, му го дала срцето наше, му го дала телото наше,
за сето тоа Он да го спаси, за сето тоа да го исполни во Бога , за сето тоа да го очисти, да го освети , да го обожи и така човекот, созданието човечко родено, да го исполни со најголема радост, бесмртна радост, Серадост.
А тоа, тоа е подвиг и дело на Пресветата Богомајка. Сѐ во Господ Исус Христос е од Неа,
сиот Спас, сиот Богочовек, сето Евангелие Негово,
сета Црква Негова, сите Светители, сите христијани, сите праведници, вие и ние, денешните христијани.
…
И Таа, раѓајќи ни го Господа Исуса Христа и давајќи му се` што Он му го донесе на светот , заради тој свет, Таа е најславната од сите човечки суштества создадени во сите светови,
Најмоќната, Најчистата, Најбезгрешната!
..
Глеј, таа е над Херувимите и Серафимите, почиста и посветла од нив.
Луѓе, горе срцата!
Не се плашете ниту од гревот ,
не плашете се ниту од смртта , не бојте се ниту од ѓаволот.
Гледајте, пред нас и над нас е, и пред нас и околу нас и насекаде , низ сите светови, Онаа – Пресветата, Семоќна Богомајка.
Посилна од сите смрти , посилна од сите гревови,
посилна од сите ѓаволи , зашто нам ни го родила Победителот на смрта и Спасителот, Господ Исус Христос.
Затоа, Нејзиното име , Нејзината личност , Нејзиното присуство на небото и на земјата ги исполнува со неискажлива радост сите созданија Божји. Зашто низ Неа и од неа,
Господ сите ги спасува од пеколот ,
сите ги спасува од гревот ,
на сите им се отвора Рајот,
на сите им се отвора Царството Небесно.
О, каква радост е да ја имаш пред себе , над себе како водач на родот човечки , Пресветата, Преблагословената , Мајката Божја , Богородица , Приснодева Марија .
Се`, се` што е од Неа, се` е спасение наше!
Волшебната денешна песна, прекрасниот тропар , полн е со Божиќна радост , полн е со воскресителна радост , полн е со вселенска радост , полн е со радоста Небесна.
Ни ја кажува сета тајна на нашето спасение, и ни ја раскажува тајната на нашата радост.
Зошто ние православните , толку ја љубиме, толку ја почитуваме и толку и` се молиме на Пресветата Богородица?
Зашто во Неа, од Неа, за нас е се` , за нас православните.
Прекрасниот тропар денешен гласи:
„ Раѓањето Твое Богородице Дево, објави радост на целиот свет . Зашто од Тебе блесна Сонцето на Правдата , Христос, Господ наш. И разурнувајќи ја клетвата , проклетството, даде благослов. И уништувајќи ја смртта , ни дарува Живот Вечен.“.
Ете, тука е сето Евангелие на спасот , сиот домострој на спасението , сиот Господ Исус Христос, целокупното дело Негово.
Значи: во Неа – Пречистата Богомајка!