Обрни внимание на стекнување љубов кон ближниот, како на основа на твојот живот…
Засакај го ближниот според упатството на евангелските заповеди – никако не според страстите на твоето срце.
Љубовта која Бог ja засадил во нашата природа е повредена co падот и не може правилно да дејствува.
Никако не дозволувај ѝ да дејствува!
Нејзиното дејствување е лишено од непорочност и му е омразено на Бог, како осквернета жртва!
Плодовите на нејзиното дејствување се погубни и убиствени за душата.
Ближниот засакај го на следниот начин:
не гневи се на него и не злопамти;
не си дозволувај да му зборуваш на ближниот било какви прекорни, навредливи, исмејувачки зборови;
чувај го мирот co него колку што можеш;
смирувај се пред него;
не осветувај му се ниту директно, ниту индиректно;
во cѐ што можеш да му попуштиш, попушти му;
откажи се од спротивставување и спорење, отфрли ги како обележје на гордоста и на самољубието;
зборувај добро за оние што те озборуваат; за зло плати co добро;
моли се за оние кои ти приредуваат разни страдања, навреди, искушенија и гонења (Мат. 5, 21-48).
Никако, под никаков изговор, не осудувај никого, дури не суди дали некој е добар или лош, имајќи го пред очи единствениот лош човек за кого треба да одговараш пред Бога – себе.
Кон ближните постапувај онака, како што би сакал да постапуваат кон тебе (Мат. 7, 1-12).
Од длабочината на срцето простувај им ги нивните прегрешенија против тебе, за и Отецот Небесен тебе да ти ги прости безбројните прегрешенија, твојот страшен гревовен долг, кој може засекогаш да те турне и да те затвори во адската темница (Мат. 18, 23-35).
Немој да се врзуваш, особено не co блудна страст, за твојот ближен;
под ближен се подразбира не само машки, туку и женски пол.
Ако пак застрелан од ѓаволот co стрела, сепак, неочекувано бидеш заразен, немој да паѓаш co духот, знаејќи дека ние во себе ја носиме способноста да се заразиме co секакви страсти, што им се случувало и на големите светители;
co сета сила потруди се да се излечиш.
На крајот:
не повредувај го брата си co многуречитост, празнословие, блискост и слободно однесување co него.
Така однесувај се кон ближниот, па ќе ја најдеш и ќе ја стекнеш, од Бога заповеданата и на Бог угодната, љубов кон него; co неа ќе си го отвориш влезот во љубовта Божја.
Пренесено од книгата “Енциклопедија да православниот духовен живот” од Свети Игнатиј Брјанчанинов
М.Д.