Деветта недела по Духовден!

0
952

„Прашањето што се поставува сега е: дали имаше основа за чудо и во случајов на Апостол Петар?

Дали тој дава нешто што не е достаточно и за самиот него или бара нешто што не е својствено за паднатата човечка природа?

Дали тоа што го бара само за себе пред публика е заради Христос и заради Неговата љубов, или заради нешто друго?

И дали Христовото „дојди“ беше благослов или изнуден благослов?

Тешко дека ќе можеме позитивно да одговориме на овие прашања – затоа Петар и пропадна во водата.

Верата не е непотребна егзибиција: „Ако си Син Божји, фрли се одовде долу!

Зашто е напишано: ’На ангелите Свои ќе им заповеда за Тебе, да Те запазат‘“ (Лука 4, 9–10). И каков одговор доби ѓаволот? Знаеме:

„Не искушувај Го Господ, својот Бог“ (Лука 4, 12).

„Е, па, тоа е таа разлика меѓу Божјите чуда и демонските чуда.

Едните се случуваат кога даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе; другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство.

Со вториве чуда ќе се случи и доаѓањето на глупавиот антихрист. И така луѓето отсекогаш повеќе барале чуда, отколку што Го барале Бог…“

Свето евангелие според светиот апостол Матеј

14:22-34

22. И веднаш ги покани Исус учениците Свои да влезат во кораб и да минат на другата страна пред Него, дури да го распушти народот.

23. Па штом го распушти народот, Он се искачи на планината, за да се помоли насамо. И таа вечер остана таму Сам.

24. А коработ беше веќе на сред море и брановите го удираа, зашто ветрот беше спротивен.

25. Но на четвртата стража, преку ноќта, дојде Исус при нив, одејќи по морето.

26. А учениците, штом Го видоа како оди по морето, се уплашија и рекоа: „Тоа е привидение” и од страв извикаа.

27. Но Исус веднаш почна да зборува со нив и им рече:

„Не бојте се! Јас сум, не плашете се!”

28. А Петар, одговарајќи Му, рече: „Господи, ако си Ти, позволи да дојдам при Тебе во водата!”

29. И Исус му рече: „Дојди!” Па штом излезе од коработ, Петар тргна по водата за да оди при Исуса;

30. но, кога го виде силниот ветар, се уплаши, почна да потонува и извика: „Господи, спаси ме!”

31. Исус веднаш му подаде рака, го фати и му рече: „Маловернику, зошто се посомнева?”

32. И кога влегоа во коработ, ветрот престана.

33. А оние, што беа во коработ, се приближија до Него, Му се поклонија и рекоа: „Навистина, Ти си Син Божји!”

34. Па откако преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска.

….

„Е, па, тоа е таа разлика меѓу Божјите чуда и демонските чуда.

Едните се случуваат кога даваме иако немаме доволно ни за себе, во крајна нужда и безизлезна ситуација, заради сведоштво Божјо, заради Бог и заради Неговата љубов, што автоматски подразбира и заради спасение на сите луѓе;

другите се случуваат заради барање, гордост, човечка и демонска слава, и заради држење на луѓето во страв и ропство.

Со вториве чуда ќе се случи и доаѓањето на глупавиот антихрист. И така луѓето отсекогаш повеќе барале чуда, отколку што Го барале Бог…“