„Управувај ги стапките мои според Твоето слово и не допуштај co мене да овладее никакво беззаконие” (Пс. 118, 133).
За да можеме цел ден да го поминеме совршено свето, мирно и безгрешно, единствено средство за тоа е најискрена, пламена молитва наутро, штом станеме од сон.
Таа во срцето го воведува Христа co Отецот и Светиот Дух и на тој начин ѝ дава на душата сила и крепост против нападите на злото, но неопходно е да го чуваме своето срце.
Добро е, многу е добро да се биде добродетелен човек.
Добриот човек и самиот е спокоен, и на Бога My е угоден и на луѓето им е пријатен.
Добродетелниот човек, и против својата волја, ги привлекува на себе погледите на сите.
Зошто?
Затоа што миомирисот и против наша волја нѐ привлекува да му обрнеме внимание и да го вдишеме.
Погледнете го и самото лице на добродетелниот човек, погледнете го неговото лице.
Какво е тоа лице? Тоа е – ангелски лик.
Ha него се истурени кроткост и смирение и тоа, и несакајќи, секого го плени co својата убавина.
Обрнете внимание на неговиот збор: од него допира уште посилен миомирис: вие тогаш како да се наоѓате лице в лице co неговата душа и се топите од неговата слатка беседа.
Кога Бог ќе биде во сите човекови мисли, желби, намери, зборови и дела, тогаш, значи, кон него ќе пристапи Царството Божјо; тој тогаш во се ќе го види Бога – во светот на своите мисли, во светот на делувањето и во материјалниот свет.
За него тогаш на најјасен начин ќе се открие Божјата сеприсутност и во негово срце ќе се всели најчистиот страв Божји.
Тој тогаш се обидува секој момент да му угодува на Господ и секој момент се плаши co нешто да не згреши против Господа,
Кој е од неговата десна страна. Да дојде Царството Твое!
+++
Труди се на сите начини co својот живот да го утешиш Отецот небесен, т.е. co својата кроткост, смирение, незлобивост, послушност, воздржување, разборитост, мирољубивост, трпение, милосрдие, искрено и долично пријателство кон луѓето, пријатност кон сите, радосно гостољубие, добронамерност кон секого, исправност во делата, простота на срцето и карактерот, чистота на сите мисли на твоето срце.
Умудри нѐ и утврди Боже да живееме no Твојата волја, бидејќи Ти си наш Отец и ние сме Твои чеда во Исус Христос, нашиот Господ.
Што пронајде, човеку, во трњето на гревовите и страстите?
Дали тоа ти беше пријатно?
Дали се добри и угодни неговите последици?
О, колку страшно тоа ранува!
О, колку се горки неговите последици! A колку понекогаш на почетокот е пријатно!
+++
Животот е голема искуствена наука. Ништо не е потешко од поминувањето низ таа наука, низ тесниот пат и низ тесната врата.
Кој во мајчиното или во основното училиште не се навикнал на вера, на страв Божји или на благочестив живот, нему ќе му биде особено тешко да учи во училиштето на животот.
Дури и ако во училиштето во кое се изучуваат науки биде умен и учен, и ако би уживал големо почитување поради своите способности, во училиштето на животот ќе се покаже како незнајко, и не само тоа, туку и како сосема бескорисен – и за семеен живот – поради својот природен карактер или поради своето несовладиво срце – и за
делување во заедница.
Тој живее во немаштија и во животот често трпи бродоломи како претоварен брод, кој за време на бура е пуштен на море без кормилари, без јажиња и едра.
+++
Прави сѐ што е спротивно од она на што те наговара непријателот: тој нѐ наговара да ги мразиме оние кои нѐ навредиле, но ти сакај ги!
Благословувај ги оние кои те клеветат, а оние кои земаат од твоето немој да ги тужиш, но самиот подај им.
Кога сакаш да се смееш, плачи, a кога те обзема мака, труди се да се развеселиш.
Кога ќе те обземе завист, радувај се на туѓата благосостојба.
Кога ќе те нападне желба за противречење и непокорност, ти без одложување покори се и согласи се co другиот.
Кога ќе те нападнат блудни мисли, ревнувај за чистота на срцето и помисли на возвишеното достоинство на христијанинот, обожен во Исус Христос, помисли на тоа дека нашите членови – се членови Христови.
Кога ќе те нападне гордост, смирувај се,
кога ќе те нападне злоба, биди посебно добар.
Кога ќе те нападне раздразливост, сочувај го спокојството, а кога ќе те нападне скржавоста, биди великодушен.
Кога пак ќе те нападне расеаност, без одложување затвори ги твоите сетила за сѐ надворешно и размислувај за единственото што е потребно.
Кога ќе те нападне сомнеж, маловерие и неверие, повикај во помош особено силна вера, сети се на примерите за силна вера или на верници од Стариот и Новиот Завет, сети се на чудата извршени co вера, или нешто слично.
Така постапувај и не му се препуштај на непријателот, илузионистот, бидејќи овие страсти, пристрасности и апетити – се негова фантазија.
+++
Пренесено од книгата “Како да достигнеме светост” од Св. Јован Кронштадски
Подготви Мина Даниловска