“Што имаш co нас Ти, Исусе, Сине Божји?” – прашуваат демоните.
Co други зборови тоа значи: што има заедничко помеѓу Тебе и нас?
Од каде оваа Твоја неочекувана и несакана посета?
“Какво согласие може да има меѓу Христа и Велијар (2. Кор. 6, 15)?”
Сигурно дека нема никаква согласност.
Затоа Велијаровите слуги, мачителите на луѓето, го прашуваат Христа зошто Тој да им дојде?
И тоа „предвреме да нѐ мачиш”.
Значи, тие го очекуваат судниот час и маките на крајот на времето.
За нив самата појава на Христа е мачење, и тоа пострашно мачење отколку светлината за кртовите, отколку огнот за пајаците.
Во отсуство на Христа демоните се бесрамни и дрски до таа мера што луѓето од нив обземени ги понижуваат повеќе од добитокот и тие стануваат страв и ужас за сета околина – „та не смееше никој да мине по тој пат”.
А во присуство на Христа тие не само што се ропски уплашени, имаат понизност на страшливец слично на секој тиранин пред негов судија – и, ете, почнаа
понизно да го молат Господа да не ги натера во бездната.
„И Го молеа да не им заиоведа да одат во бездната”.
Да не им заповеда, тоа значи, ако Тој им заповеда, тие мораат да отидат во бездната.
Таква е власта и силата Христова. А бездната е нивното вистинско живеалиште и мачилиште.
За началникот на сите демони видовитиот пророк вели:
„Како падна ти од небото, Денице, сине на зората! Се разби од земјата ти, кој ги угнетуваше народите?
– Ho ти си соборен во пеколот, во дното на адот” (Иса. 14, 12-15), таму каде што е плачење и крцкање co забите.
Поради гревот на човекот, a пo Божјо допуштение, постојат пуштени демони во луѓето.
И на нив полесно им е во луѓето отколку во бездната.
Оти кога се во луѓето, тие ги мачат луѓето, а кога се во бездната, самите се мачат.
И во луѓето тие се во големи маки, но тие нивни маки се ублажени co тоа што уште некој ги споделува нивните маки.
Ѓаволот е пакосник на телото, трн во телото, како што го нарекува апостолот кој го почувствувал неговото присуство (2. Кор. 12, 7).
Низ телото тој ползи до душата како по скали, се фаќа за срцето и за умот на човекот, сѐ додека сѐ не разјаде, не обезличи и не испразни од божествената убавина и чистота, од разумот и правдата, од љубовта и верата, од надежта во доброто и волјата за доброто.
Тогаш тој се населува во човекот како на свој престол и ги зафаќа сите конци од човековото тело и душа во свои раце, a човекот му станува како животно кое тој го јава, свирка преку која свири, ѕвер преку кој тој крвожедно напаѓа.
Такви беа и овие бесомаченици, за кои станува збор во евангелието.
He ce вели дека тие го видоа Христа, ниту дека тие го познаа, ниту дека тие му се обратија, ниту што било друго за да се смета дека поведоа некаков разговор co Hero.
Сето тоа го направија ѓаволите кои беа во нив.
Бесомачениците како да не постоеја, како два мртви гроба кои ги туркаа ѓаволите пред себе и co својот камшик ги гонеа. Да се излекуваат вакви луѓе, тоа како да се воскресени од мртвите, дури и уште повеќе.
Оти мртов човек значи: одвоена душа од телото.
Ако е душата во Божјите раце, Бог може да ја врати во телото и тоа да оживее.
Но кај опседнатите случајот е пострашен од смртта. Оти нивната душа е украдена и заробена од ѓаволите, и ѓаволите ја држат во свои раце. Треба, значи,
душата на човекот да се оттргне од ѓаволот, треба да се истера ѓаволот од човекот и да се врати во човекот неговата душа.
Затоа ова чудо – исцелението на бесните – во најмала рака е еднакво на чудото на воскреснувањето на мртвите, ако не и повеќе.
Пренесено ид книгата “Омилии”
Недела петта по духовден