НЕДЕЛА ТРЕТА ПО ДУХОВДЕН

Евангелие за чистотата на умот
Матеј 6, 22-33; Зач. 18

Од сите луѓе на земјата најголема одговорност пред Бога има човекот кој се нарекува христијанин. Оти на христијанинот Бог најмногу му дал, та најмногу ќе бара од него.

Ha народите кои се оддалечиле од првобитното Божјо откровение Бог им ги оставил природата и разумот.

Природата како книга и разумот како водач низ таа книга. На христијаните, пак, покрај природата и разумот, вратено им е првобитното Божјо откровение и им е дадено ново откровение на вистината преку Господа Исуса Христа.

Покрај тоа, христијаните имаат и Црква, која е чувар, толкувач и водач низ двете откровенија.

И на крајот, христијаните имаат сила од Духот Свети, кој уште од почетокот Црквата ја оживува, ја учи и ја води.

И така, додека нехристијаните го имаат единствениот талант – разумот, којшто ги води и учи од книгата на природата, христијаните имаат пет таланти:

разумот, старото откровение, новото откровение, Црквата и силата на Светиот Дух.

Кога нехристијанинот влегува во природата да ја чита и да ja толкува, пред него свети само една свеќа – разумот.

Кога Евреинот влегува во природата да ја чита и да ја толкува, пред него светат две свеќи: разумот и старото откровение.

А кога христијанинот влегува во природата да ја чита и толкува, пред него светат пет свеќи:

разумот,

старото откровение,

новото откровение,

Црквата и силата на Светиот Дух.

Значи, кој подобро и појасно треба да гледа и да чита:

човек co една свеќа, или човек co две свеќи, или пак човек co пет свеќи?

Несомнено, дека секој од нив ќе знае донекаде да чита, а уште

повеќе е без сомнение дека човекот co пет свеќи ќе може да гледа подалеку и појасно да чита отколку првите двајца.

Кога на оној којшто има пет пати поголема светлина сите пет свеќи ќе му згаснат, тогаш тој ќе остане во поголема темнина отколку оној кој оди co светлина од една свеќа, па таа едната ќе му згасне.

Оти, кога во една иста темнина ќе влезат двајца луѓе, потемно е пред очите на оној што влегол во темнината од појака светлина.

Но и тие што одат co една единствена свеќа, односно co чистиот и непотемнет разум, можат да се пробијат низ мрачната долина на овој живот до големата Божја светлина.

Но многу полесно им е на тие кои имаат во рацете свеќник co пет свеќи.

Ако тие кои одат co една свеќа ‘немаат изговор’ (Рим. 1, 20) кога ќе се оддалечат од патот и ќе се загубат во темнината, каков ли ќе имаат изговор пред Бога тие на кои во рацете Бог им дал пет свеќи, па сепак го загубиле патот и талкаат по мракот?

Навистина, од сите луѓе на Земјата најголемата одговорност ја носи човекот кој се нарекува христијанин.

Co своето денешно евангелие Господ Исус Христос ги открива простите и јасни вистини, кои многумина од нас речиси секојдневно ги газат и не ги гледаат.

Толку прости и јасни вистини, што човекот co една единствена свеќа, co од Бога дадениот чист разум, може да ги види и да ги препознае.

Вака вели Господ:

„Светило на телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло; ако, пак, твоето око биде лошо, целото тело ќе ти биде темно.”

Очите се прозор на телото, преку нив телото знае за светлината, ja прима светлината и се препознава во светлината.

Ако е залепен тој прозор, телото станува грозна темнина! Очите се водач на телото.

Додека тој водач оди напред, телото правилно се движи и не заскитува надвор од патот;

нозете одат како што треба, рацете работат како што треба и секој орган од телото ja врши својата улога како што треба.

Но, ако водачот западне во темнина, во каква ли темнина ќе западне водениот?

Ако згаснат очите и престанат да му светат на телото, тогаш телото ќе претставува огромен и безумен куп од темнина.

Тогаш за телото се затвораат сите патишта: нозете или воопшто не одат или одат каде што не треба, рацете или воопшто не работат или работат како што нетреба и секој орган ја врши својата

улога како што не треба. Ногата тапка и co тапкањето се труди да го замени затемнетиот вид, раката пипа и co пипањето се труди да го замени затемнетиот вид, увото повнимателно слуша и се труди co повнимателното слушање да го замени видот.

Но сѐ е залудно, водените не можат да го заменат својот водач. И настанува една

страшна бркотница.

Без очите телото човечко навистина станува вистинска темнина.

Внатрешната смисла на овие зборови се наметнува самата по себе од следната реченица, која гласи:

“Ако светлината што е во тебе е темнина, тогаш каква ли ќе е темнината” He ce вели светлината на тебе или пред тебе, туку во тебе. Co ова Господ целата слика за окото и телото ја свртува кон внатрешноста на човекот, кон умот и душата.

Оти окото е слика на yмот, a телото слика на душаа. Во Светото Писмо честопати се зборува за видовитоста на умот, како и за заслепеноста на умот.

Апостол Павле им посакува на ефесјаните “Бог да ги просвети очите на срцата ваши” (1, 18).

А псалмопеецот го моли Бога:

„Отвори ги очите мои, и ќе ги разберам чудесата од Твојот закон” (Псал. 118,18),

мислејќи тука на очите на умот и на внатрешниот вид, co кој единствено може да се види законот Божји.

Умот е око на целата душа. Умот е прозорец на душата кон Бога.

Додека умот е чист, светол и отворен кон Бога, сета душа ја зафаќа небесна светлина, та нашите мисли правилно се воздигнуваат кон Бога.

Сите чувства на нашето срце се слеваат во љубовта кон Бога и неговиот закон.

Сите наши намери и тежнеења, сите дела на нашата душа се светли, здрави и упатени кон службата на Бога.

Како осветлено поле по кое пасе стадо и овчарите се веселат и во кое волците не смеат да влезат од светлината!

Дури кога ќе зајде сонцето и ќе се стемни, волците се осудуваат да слезат во полето и да бараат плен за себе.

Кога нашата душа, е осветлена co чистиот и здрав ум, ослободена е од дивите ѕверови – пороците и страстите, кои ја напаѓаат само тогаш кога ќе ја покрие темнината на болниот ум. Кога умот е

чист, сѐ е чисто во човековата душа, а тогаш и целиот човек е чист. А на чистиот човек, пак, сѐ му е чисто (Тит. 1,15). Без сомнение е дека во секој човек и покрај најголема чистота има и нечистотија.

Но човек co чист ум не ја гледа нечистотијата. Тој го насочува својот ум, а умот целата душа, само на тоа што е чисто како внатре во човекот така и во надворешниот свет.

И насочувајќи го својот ум само на тоа што е чисто, човекот сѐ повеќе се богати co чистотата.

Омилии – извадок

Претходна статијаНЕДЕЛА ВТОРА ПО ДУХОВДЕН (…Бог не избрал цареви, туку 12. прости рибари)
Следна статијаАко свештениците Божји се нечисти, како ќе бидат верниците чисти? (Омилии)